Документарецот меѓу другото зборува за тоа како Ромите и Синтите пред 75 години и отпорот кон заканите за истребување во т.н. „Ромскиот логор во Аушвиц„ , и во ноќта на 2 август 1944 кога беа убиени во гасните комори.
Германската телевизија ZDF History, емитуваше кон крајот на октомври документарецот за животот на Ромите и Синтите во оваа земја каде беа интервјуирани личности од јазниот живот , ромски активисти и други преставници од ромската заедница кои на интересен начин ги прикажаа своите лични искуства во борбата против предрасудите.
Во еден дел има и каде како млада преставничка од музичката династија Рајнхард , Дочи Рајнхард (Dotschy Reinhardt) зборува за судбината на своето семејство. Исто така Рита Вове - Тролман ( Rita Vowe-Trollmann) се потсетува на својот татко боксерот “Rukeli”, кого нацистите едноставно му ја одземаа титулата - државен првак поради „не германскиот„ бокс.