Социјала

Дали е вистина или фејк? На оглас за административни службеници наменет за националностите се вработуваат Македонци!

Дали станува за вистинска или фејк информација потребно е да се преиспита! Деновиве на социјалните мрежи се појави информација со едитирана слика каде се гледа на Оглас на Јавна институција за вработување на административни службеници .
Во неа јасно стои дека за работното место Помлад соработник за правни работи во една од Јавните здравствени институции во Скопје се избира кандидат поп националност Ром кој со целото свое име и презиме не кореспондира дека е по националност Ром.

На таа едитирана инфомација малку подоле за работно место Помлад соработник за јавни набавки при истата Јавна институција се избира кандидат по националност Албанец кој со своето име и презиме не кореспондира со националноста!

Се поставува едно реторичко прашање кое потоа се разви дискусија и коментари. Дали е ова некоја фејк информациа, а доколку не е дали треба да се преиспита целата оваа сосотојба?
Општо познато е и јавна тајна дека слични вакви состојби има и при упис на факултетите низ државава да се произнесе некој не Ром и сл, како Ром само за да може да се упише на загарантираната квота за упис.
За жал ни прв ни последем ваков случај!

Чешката влада усвои неутрален став на сметка за да им надомести на жените кои биле нелегално стерилизирани

Група на чешки законодавци од партиите АНО, Христијанскиот демократ (КДУ-ČСЛ), Социјалдемократот (DSSD) и партиите ТОП 09, предводена од пратеничката од Чешка, Хелена Вулковиќ, која е и чешки владин комесар за човекови права, неодамна предложи предлог-закон да компензираат жените кои биле незаконски стерилизирани на чешката територија, а за време на вчерашната седница на владата, Владата донесе неутрален став за предложената легислатива.

Еднократна исплата на компензација во износ од 300 000 чешки круни (11.760 евра) може да се додели на дури 400 жени кои биле незаконски стерилизирани доколку се донесе законот.

„Ова е проблем за кој бевме критикувани на меѓународно ниво и би било добро ако пратениците од целиот политички спектар би можеле да го решат“, рече премиерот. Ако започне процес на компензација за незаконски стерилизирани жени, според него, таа агенда ќе ја спроведува Чешкото Министерство за здравство.

Милениум од Индија / Са о Рома / Идентитет

Здружението Романо Ило од Скопје во периодот на месец Ноември 2019 ќе организира мултимедијална изложба која ќе се одрши во општината Шуто Оризари.

Автори на изложбата се проф. Марсел Куртијаде / историчар и лингвист од Универзиетот во Сорбона од Република Франција, Елси Иванчиќ Дунин / емерита професор од УКЛА Универзитетот од Соединети Американски Држави и Даниел Петровски / антрополог и публицист

Свеченто отворање на изложбата ќе би биде на 08 ноември со почеток од 18.30 часот на изложбениот салон на улица Хаџи Јован Шишков 66 (спроти спортскиот центар во Шуто Оризари).

РДС: Во македонскиот образовен систем сеуште Ромите се „Цигани – лажливци„

„Циганот како сведок“ - вака е насловен еден од расказите во изборна лектира „Македонски хумористични народни приказни“ за шесто одделение. Во текстот ромите се опишани како поткупливи лажливци кои за пари лажно сведочат на суд,
Полова, расна, политичка со примерите што сега ги гледаме и национална – дискриминацијата во образовниот систем не оди во прилог на граѓанското општество кон кое се стреми Македонија – Едно општество за сите.
За пофалба е и иницијативата која ја превзема и Програм менаџерот Елвис Шаќири од „Ромалитико„ со изјавата за ТВ 24 во врска со дискриминирачкиот текст и дека писмено ќе се поведе постапка против министерството за образование и наука за спорната содржина.
Според некои информации Министерството за образование кое лани состави нов список на лектири и вети целосна ревизија на сите учебниците, не е добиен никаков одговор за оваа тема. Колку и дали од спорната литература била ставена под лупа и корегирана, нема засега одговор ниту од министерот Арбер Адеми.
Често во овие случаи ромскиот НВО сектор е тој „алармот„ кој укажува, се стреми и бори.
Но зачудува фактот каде се тука ромските политички лидери? Како и секогаш тие се во вакви случаи најтивки!
Молчат се до моментот кога може да експлодира како буре полно со барут!
И потоа ќе почнат со нивниот добро познат„ дневен ред„, демек први реагирале, ќе се видат со надлежните институции , ќе се ревидира и до бесконечност.
Луѓе едно треба да биде јасно. Ова е класичен пример за антициганизам, кој за жал е во пораст во нашето општество. Измената на зборовите "Циган" со Ром не го менува наративот и начинот на кој што е прикажан припадникот на Ромската заедница...романтизиран и полн со стереотипи!!! Текстот или лектирата треба веднаш да се тргне од употреба, бидејќи штети на она што сакаме да го промовираме, т.н. концепт на сите во едно општество!
Затоа Ромскиот Демократски Сојуз – РДС , апелира и го повикува Невладиниот сектор , ромската интелектуална сила, и сите за еднакво општество за сите, да се направи и петиција која ќе се достави директно до Владата на Р.С Македонија, до надлежното министерство , и други домашни и интернационални институции.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 423 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот