Социјала

Гориме отпад за да преживееме!

Ромска фамилија која се распослала во импровизирани живеалишта под мостот кај Железничка станица, гори сè и сешто и воздухот во околината смрди на гума и пластика.

Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот да биде целосно исчистен, а лицата затекнати на лице место веднаш да бидат згрижени

– Во близина живеам. Секој ден на најмалку десет места долж патеката тука Ромите палат сè и сешто и нè гушат. Така со години. Мора да се стави крај на оваа анархија – велат граѓаните.

Просторот околу живеалиштата е полн со пластика, гуми, кабли и картони. Иако знаат дека со тоа ја загадуваат околината, Ромите признаваат дека горат отпад.

– Што да правиме. Гориме отпад за да преживееме – велат тие.

Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен.

Се намалуваат сообраќајните казни! Ќе изнесуваат од 15 до 250 евра

На последната седница Владата усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.

Со овие усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животнозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип возила, како и обврската за користењето заштитни средства.

Суботица: Пресметка меѓу Роми на пазарот во Суботица, еден убиен, повече повредени

Вчера претпладне на пазарот во Суботица дојде до пресметка помеѓу повеке ромски семејства и во физичката пресметка еден постар 62 годишен маж настрада , двајца се повредени . Исто продолжение на пресметката имаше и во дворот на болницата во Суботица

Неофицијално инцидентот се случи околу 11:30 часот .

Во холот на болницата уште две лица беа повредени наводно од убодни рани, но се надвор од животна опасност.

Полицијата е на лице место и врши увид за овој инцидент.

Link: https://www.subotica.com/vesti/obracun-roma-na-buvljaku-jedan-ubijen-vise-povredjenih-sukob-nastavljen-pred-bolnicom-id36399.html

Насер со жената и детенцето спие буквално на улица: Ги молам луѓето тука, никој не ми помага.

Насер Абазовски е дете кое израснало во домот за деца без родители во Скопје. Денес Насер има жена и едно детенце, но ситуацијата на Насер е повеќе од загрижувачка.

Насер спие на улица заедно со женаму и детето кое патем има жолтица. Насер нема кај да живее, а државата му врти грб.

Како што кажа Насер пред медиумите, неколку пати се обраќал до министерката Мила Царовска, но таа до сега не превземала ништо.

-Министерката Мила Царовска да превземе мерки, одговорност, да не си игра со луѓето. Ги молам луѓето тука, никој не ми помага.

Барам помош од државата за ова девојче се борам, 24 часа сум на улица, немам никакви приходи, си го барам правото како сите останати.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 423 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот