Ромска фамилија која се распослала во импровизирани живеалишта под мостот кај Железничка станица, гори сè и сешто и воздухот во околината смрди на гума и пластика.
Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот да биде целосно исчистен, а лицата затекнати на лице место веднаш да бидат згрижени
– Во близина живеам. Секој ден на најмалку десет места долж патеката тука Ромите палат сè и сешто и нè гушат. Така со години. Мора да се стави крај на оваа анархија – велат граѓаните.
Просторот околу живеалиштата е полн со пластика, гуми, кабли и картони. Иако знаат дека со тоа ја загадуваат околината, Ромите признаваат дека горат отпад.
– Што да правиме. Гориме отпад за да преживееме – велат тие.
Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен.