Дали станува за вистинска или фејк информација потребно е да се преиспита! Деновиве на социјалните мрежи се појави информација со едитирана слика каде се гледа на Оглас на Јавна институција за вработување на административни службеници .
Во неа јасно стои дека за работното место Помлад соработник за правни работи во една од Јавните здравствени институции во Скопје се избира кандидат поп националност Ром кој со целото свое име и презиме не кореспондира дека е по националност Ром.
На таа едитирана инфомација малку подоле за работно место Помлад соработник за јавни набавки при истата Јавна институција се избира кандидат по националност Албанец кој со своето име и презиме не кореспондира со националноста!
Се поставува едно реторичко прашање кое потоа се разви дискусија и коментари. Дали е ова некоја фејк информациа, а доколку не е дали треба да се преиспита целата оваа сосотојба?
Општо познато е и јавна тајна дека слични вакви состојби има и при упис на факултетите низ државава да се произнесе некој не Ром и сл, како Ром само за да може да се упише на загарантираната квота за упис.
За жал ни прв ни последем ваков случај!