Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита
Студија за реалностите со кои се соочуваат Ромите во Македонија издадена од Меѓународната Група за Малцински Права (МРГ) и Асоцијацијата за демократски развој на Ромите СОНЦЕ.
12 ромски медијатори лоцирани во 6 општини интервјуираа стотици Роми со цел да соберат нови информации и да добијат целосна слика за нееднаквостите, инситуционалната дискриминација и социјалните предрасуди со кои се соочува ромската популација во Македонија. Резултатите на ова истражување се собрани и прикажани во брифигот: “Ромите во Република Македонија: предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита”.
Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издадед преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.
Извештајот вклучува голем број препораки. Подолу се дадени неколку примери од текстот:
*Да се процени бројот на ромските деца во околината на секое училиште и да се обезбеди нивна еднаква распределба со не-ромските деца;
*Преглед на наставните материјали и наставните програми за да се осигура дека негативните стереотипи не се вклучени. Доколку е потребно, да се произведат нови материјали кои промовираат еднаков третман;
* Да се забрзаат процедурите за легализација на дивоградбите што ги заземаат Ромите; и
*Зголемување на бројот на здравствени медијатори во општините каде што има висока густина на Ромите, со повеќе ресурси за поддршка на нивната работа.