Социјала

Кубичек: Ксенофобијата која ја следи мигрантската криза ја влошува состојбата со Ромите

Андреј Кубичек завршил постдипломски студии по социологија на Филозовскиот факултет во Белград каде во моментот е и на докторски студии.

Неговиот истражувачки интерес вклучуваше социјален конфликт и социологија на етничките групи , а главна истражувачка тема му е расизмот кон Ромите.

Роми, Египќани и Ашкалии секако дека се меѓу најзагрозените етнички заедници од повеќе причини. Од личен план повеќето од нив живеат во сиромаштија, или пак несигурни извори на приходи.

Не постои за таа историска неправда која може да се поправи , а посебно во случајот со Ромите каде има постојан и јасен континуитет помеѓу историските и актуелните неправди.

Страдањето на Ромите за време на Втората светска војна и ужасот кој го преживеале се многу малку документирани , за тоа се молчело со децении , често свесно и намерно. Верувам и стојам позати тоа дека со подобро разбирање на историјата на расизмот кон Ромите и нивната моментална ситуација се тесно поврзани.

Додека тој момент не се поправи и ги опфати поголем број на Роми кој со своето влијание ќе можат да ја проблематизираат моменталната состојба , жртвите од минатито ќе бидат недоволно почитувани, истакна Кубичек.

Link: http://balkans.aljazeera.net/vijesti/kubicek-ksenofobija-koja-prati-migrantsku-krizu-pogorsava-polozaj-roma?fbclid=IwAR1y_vBk8XOZemYf-Hui9diKsHzETYQ6FemAA9tHin3iGpMdx78b8K1Y7NM

Логорот на Бањица беше најголем конц логор на територија на окупирана Србија, и голем број на луѓе беа однесени оттаму во смрт

Злогласниот Бањички логор каде животот го изгубиа голем број на Роми и Евреи формиран е по наредба на германскиот окупатор во 1941 година и беше во функција се до 3 октомври 1944 година.

За локација беше одбрана некогашната касарна на 18 Пешадијски полк на Бањица.
Првите затвореници кои беа донесени беа Роми и Евреи на 9 мај 1941 година

Точниот број на жртви никогаш нема да биде познат затоа што повеќето документи беа уништени во 1943 година, а и многу тела кои беа закопани на подрачјето на логорот и подоцна за време на војната беа префрлени на други места или пак уништени со палење за време на повелкувањето на германските и квинслишките трупи.

Жртвите на логорот во Бањица страдаа во т.н „мерка на покајување„ која беше воспоставена по наредба дека за еден убиен германски војник беа ликвидирани стотина цивили , а за еден ранет германски војник стрелаа педесет цивили.

Последиците од блокадата на проширување на ЕУ ќе го почувствуваат Ромите од Западен Балкан

Ромите се една од најбрзо растечките етнички заедници на Западен Балкан, кој можат да зборуваат од самиот старт и три јазика! Тоа го подразбира својот мајчин (ромски), македонскиот како официјален и воедно во средини каде мнозинството е друга национална заедница (например: во западниот дел Тетово, Гостивар, Дебар Кичево го познаваат и албанскиот, или во источниот и југоисточниот , Делчево, Виница, Кочани и турскиот)

Одлуката на ЕУ да ги блокира пристапните преговори со Р.С.Македонија и Албанија ги разниша и позициите на тие влади во борбата притив дискриминацијата и буквално ги одложи сите планови и стратегии.

Невработеноста е до тој степен присутна кај Ромската заедница што е за два пати поголема него кај другите . Ова се однесува за Македонија. Во Албанија една половина од Ромите живеат без вода во домовите, а една третина секоја вечер заминува гладна на спиење.

Пристапните преговори беа шанса за еден пристоен притисок врз владите на овие две земји, но сега се веќе поинаку.

Пример е дека во регионот работоспособното население се намалува, за Ромите би било шанса во иднина да бидат поконкурентни на пазарот на трудот во државите како што се Македонија и Албанија.

Буквално Ромите во овој регион бараат само фер шанса за еднакви можности.

Илјадници депортирани мигранти од Германија , се враќаат назад

Илјадници баратели на азил кои се депортирани или доброволно ја напуштиле Германија се враќаат и повторно да бараат азил, пишува весникот „Велт ам Сонтаг“.

До 30 октомври 2019 година, во Германија имало 4.916 баратели на азил кои влегле во земјата двапати од 2012 година, и биле или депортирани или доброволно си заминале, а потоа се вратиле и по трет пат аплицирале за азил, пишува весникот. цитирајќи информации од германската влада.

Во Германија има 1.023 баратели на азил кои бараат азил по четврти пат, а 294 се обиделе пет или повеќе пати.

Според германското Федерално биро за статистика, 1,78 милиони луѓе побарале засолниште во земјата меѓу 2010 и 2018 година.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 314 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот