Марсел Куртијаде е Ром доктор по лингвистички науки во еден од најстарите и најугледни Универзитети во светот – Сорбона.
Марсел е единствениот Ром кој докторирал на фонотека и правопис на росмкиот јазик и еден од најголемите стручњаци за росмки јазик, литература, култура и цивилизација.
Марсел како најстар син во семејството се истакнувал со интелегенцијата и вербалните карактеристики. За време на родителските состаноци на училиште , мајка му беше горда на својот син. Но неговиот бунтовен стил на живот, наместо да запише медицина, тој заминал за Југославија и живеел во Борча покрај Белград.
Но истовремено пропатувал низ сите краеви на Балканот и научил и српски, македонски, албански, грчки, романски ..
Го забележале неговиот талент за јазици и беше замолен од колеги Роми да ја создаде базата за ромскиот јазик.
Тој во осумдесетите години за време на студирањето на литература ја одбрани докторската теза во Париз, и се придружи на плејадата ученици од тој универзитет меѓу кои и нобеловците Пјер и Марија Кири, писателката Симов де Бовоар, и други.
Пред две децении Др Марсел Куртијаде ја формираше и катедрата по ромски јазик во парискиот Национален институт за оријентални јазици и цивилизација и во меѓувреме од таа катедра произлегоа голем број на стручњаци за ромскиот јазик.
"Најголемата радост е да учиш и постепено да ја откриеш душата на јазикот. Тоа е што е убавината на работата„ вели Др Куртијаде со потенцирање дека „Ромскиот јазик , фала богу, го изразува богатиот свет на кому му нема крај„