Култура

Моментот кој на Александра Александровиќ и се смени животот: Наставничата ме прозива на час и се слушам себе си како велам „Да јас сум Ромка„

Се издигна над сите и им покажа која е таа! Борбата беше тешка и мачна но вредеше. Но како се избори за свое место во општеството и ги победила сите предрасуди кон Ромите , раскажа Александра Александровиќ (28) од Нови Сад.

 - Да, бев дискриминирана поради мојата боја на кожа и затоа што сум Ромка. Има различни начини на дискриминација.

Кога бев во трето одделение во основното училиште, наставничката ги раздели децата , белите од потемните. Белите деца беа сместени во првите клупи напред, а децата со темна боја на кожата ги смести во последните клупи, и тоа со еден празен проред меѓу тие клупи.

Кога и да дигнев рака за да одговорам на нејзините прашања , таа ме игнорираше. Како да не постоевме ние потемните деца од последните клуп- се подсетува Александра на своето детство.

-Дојдов дома расплакана и му кажав на татко ми што се случува. Утредента татко ми отиде на училиште , разговараше со наставничката и состојбата повеќе не беше таква.

Но по неколку дена наставничката додека ни ги проверуваше домашните задачи ме запраша, Александра дали ти си Ромка? И одоговорив: „ Да јас сум Ромка„. Во тој момент настана молк и тишина, децата ме гледаа, како да сум рекла нешто ужасно и страшно.

- Сите сме свесни фрка додека сте дете сето тоа интензивно го преживувате , дека тогаш се трасираат многу работи и се поставуваат темелите за понатамошниот живот.

- Инаку дискриминацијата и расизмот и понатаму постојат . но тоа што можам да го направам е тоа да не дозволам да влијае врз мојата психа, и да не дозволам да паднам.

- Паралелно  со основото посетував и нижа музичка школа во „ Исидор Бајиќ„ во Нови Сад и главен инструмент ми беше армоника. Потоа запишав и средна музичка школа , главен инструмент клавир, но исто така ја задржав и хармониката и свирев во оркестарот.

Потоа се запишав на Академијата за уметности . студиски програм Етномузикологија, со главен инструмент тамбура и клавир. По дипломирањето запишав и Мастер студии во Театарот , драмски департман во новосадската Академија за уметности. Зимскиот семестар  го посетував во Нови Сад, а летниот во Норвешка во градот Берген преку Еразмус програмата за размена мна студенти. Успешно го одбранив мастерот и тезата со наслов: „Интеркултуралност низ наставните единици по предметите музичко и математика„ и се стекнав со диплома мастер драмски педагог, напомена Александра.

 

Link: https://www.blic.rs/slobodno-vreme/trenutak-koji-je-aleksandri-promenio-zivot-uciteljica-me-proziva-na-casu-i-cujem-sebe/rr56y58

КУД “Шефкет Ибраимовиќ” од Лесковац некогаш најуспешен , денес постои само на хартија

Богатата традиција на Ромите од Лесковац, некогаш ја презентираа надалеку познатото КУД „Шефкет Ибраимовиќ„

 

Ова културно уметничко друштво неофицијално е формирано во  во 50-тите години од минатиот век, а функционирал како група на граѓани се до 1973 година кога официјално се регистрирани. Ова здружение броеше преку 100 членови и функционираше во повеќе културно уметнички секции. Настапуваа низ некогашната Југославија и Европа, и освојуваа многубројни домашни и меѓународни признанија на различни натпревари помеѓу Културно уметничките друштва.

 

За жал овој КУД не функционира повеќе од една деценија , затоа што нема заинтересирани млади луѓе кој би ја продолжиле традицијата на богатата традција на Ромите од Лесковац .

 

КУД „Шефкет Ибраимовиќ„ официјално постои само на хартија.

Во разговор со некогашните членови на овој КУД тие со носталгија се присетуваат на настапите и успесите .

 

Тие изразија надеж дека сепак ова КУД ќе заживее во рамките на Домот на културата на Ромите во Лесковац.

 

Тоа го потврдија и директорот на Домот на културата на Ромите во Лесковац , Среќко Живковиќ како и портпаролот на градоначалникот на Лесковац Александар Стојановиќ дека ќе дадат целосна подршка.

 

Истоа така напоменато е дека потребно Ромите да го сочуваат својот културен идентитет, и дека тоа може да го сторат и преку реактивирање на КУД „Шефкет Ибраимовиќ„ од Лесковац

 

 

Link:

Како поп културата може да им помогне на Ромите?

Винсенте Родригез Фернандез е росмки активист, сценарист и креатор на цртани филмови смета дека голем број на ромски референци во американската поп култура е еден од добрите насоки младите да се заинтересираат за теми како што е ромската историја.

 

Винсенте со години лобира како да се подобри росмкиот идентитет и да биде видлив вклучувајќи ги и стрип јунаците во холивудските адаптации.

 

И навистина замислете во највлијателната глобална машинерија како што е Марвеловиот филмски универзум, во еден момент се појавува како супер херој кој ќе проговори на росмки и за кого цел свет ќе знае дека е Ром, токму како што е познато дека

Black Panter е од Африка

 

Дали на тој начин ќе се намали сиромаштијата , ќе се вработат Ромите во институциите тоа не би можел да кажам, но дека ќе има влијание тоа да, вели Винсенте.

Успешна премиера на преставата „Прво јаболки, а потоа рози„ во Старат чаршија во рамки на фестивалот „Гаравде муја„

Во рамките на фестивалските активнсоти „Гаравде мујал – Скриени лица„ Здружението „Романо Ило„ како прав прества на публиката и беше понудена премиера од „Прово јаболки, а потоа рози„, комедија по сценарио и режија на Даниел Петровски.
Оваа 40-тина минутна предства беше вистинско освежување за публиката која преку метафора ја прикажа сликата на политичкото делување на Ромите во нашата држава. Преставата се изведе во детскиот театар во Старта скопска чаршија
Улогите во преставата ги толкуваа, Џемилијана Абдулова, Даниел Петровски, Сакип Мемет, Самсон и Рамуш Муарем -Цирко

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 34 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот