Во рамки на одржување на 42. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола (16-21 септември) на прес конференцијата директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски соопшти дека меѓу годишни лауреати се наоѓа и актерот Бајрам Северџан - ДР Кољо кој на филмската јавност и е познат по своите улоги во филмовите „Црна мачка, бел мачор“ и „На млечен пат„ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Џипси Меџик„,„До балчак“ на Столе Попов и др.Тој е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).