Култура

Почина актерот Данчо Чевревски, близок соработник и еден од директорите на Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало„

На 69 години вчера во Скопје почина Данчо Чевревски. македонскиот театарски и филмски актер и продуцент.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“…

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот. Инаку исто така Данчо Чевревски беше близок соработник и неколку изданија и директор на едниствениот Ромски Филмски фестивал „Златно Тркало„ кој секоја година го организира ТВ БТР –Национал и подоцна СП БТР. Тој даде голем придонес за афирмирање на овој филмски фестивал, и со својот огромен ангажман даде голем квалитет на фестивалските содржини и програми. Затоа СП БТР ја изразува својата почит и сочувство до семејството Чевревски.

Ромските актери треба да одбијат да ги одржуваат стереотипите во чешките телевизиски програми

Јас сакам да биде јасно уште од самиот почеток: не го пишувам овој коментар за да го критикувам Здењк Годла или кој било друг ромски актер во Чешка. Она што сакам да го дискутирам е како неромските режисери или сценаристи , во тандем со ромски актери, ги промовираат сите (одамна застарени!) Клишеа за Ромите што ги гледаме тука на ТВ во Чешка.
Замислете, на пример, дека гледате неодамнешно соопштение за јавен сервис. Слушаме ромска музика од карда и гледаме како Ром влегува во зграда и се наоѓа до работната маса, зад која седи, се чини, некаква хипстер-медицинска сестра.
Еден Ром стои во дупка во земјата во тренерка (Адидас, се разбира, повеќе!). Човек неРом го прашува: „Патрик, дали знаеш да копаш?“ и ромскиот човек одговара: "Се шегуваш, нели? Прашуваш црно момче дали знае да копа, нели? Роден сум со лопата во рака!" .

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/commentary-romani-actors-should-refuse-to-perpetuate-stereotypes-in-czech-television-programs?fbclid=IwAR28lq2rM8y0x8bGTp10zYnnmc3hg6LN84yZ2jVrXvnxa_lJbt8DaiHgBis#.X23E1ZBD804.facebook

Според гледачите „Небо точак земја„ ги дразнува таговните емоции кај гледачот

Премиерата на документарцеот „Небо , Точак, Земја„ е зад нас но сепак сеуште не стивнуваат реакциите на тие кои беа дел од премиерата на 31 август.
Според реакциите како што велат филмот на мошне спокоен начин и со смирен тон ја пренесува драматичната историја на Ромите, без оваа вообичаена тага, што се јавува кога се гледа документарец за луѓе кои страдале. Сосема достоинствено и без обид дополнително да се дразнат таговните емоции кај гледачот. Од позиција на гледач, неоптоварувачки филм.
Истовремено според другот дел од страна на гледачот вели дека Документарниот филм "Небо, точак, земја" визуелно ја претстави научната експликација за потеклото на Ромите. Од аспект на видео продукцијата, велат дека успешно е склопена приказната преку интересни визуелни ефекти како и материјали кои за прв пат се презентирани. Тие го препорачуваат филмот до пошироката јавност со цел запознавање со историјата.

Овации на премиерата на „Небо –Точак –Земја„ – Тивка нарација за бурна и драматична историја на Ромите

На 31 август во Кинотека на Македонија на отворениот простор,  во летен амбиент и поради пандемијата со Ковид 19 со ограничен број на посетители (осумдесетина поканети) се одржа премиерата на документарниот филм за историјата на Ромите „Небо-Точак-Земја„ . Беа поканети дел од дипломатскиот кор, преставници од Владата и Парламентот на РС Македонија, општински преставници, културни и филмски работници како и други.

Пред премиерата му беше одедена почит со едноминутно молчење на истакнатиот ромски етнолог и истражувач проф. Др Трајко Петровски кој воедно со своите искажувања беше и дел од овој филмски проект.

По проекцијата на филмот свој говор имаше и продуцентот на овој филм Зоран Димов и дел од екипата која работеше на овој филм, како и дел од присутните високи гости. Овациите на крајот од филмот беше знак дека на присутните филмот ги „допре„ .

Впечатоците на присутните беа измешани, од една крајност на тој начин што дознаа многу интересни дотогаш непознати факти за Ромите од нивната историја, традиција, култура и воедно допрени од трагичната и тешка судбина низ разни периоди во историјата.

Еден од присутните новинари во својот впечаток и импресии напиша: „Филмот е одличен, многу 'тивко' соопштува бурна и драматична историја, прилично спокоен за гледање, а вознемирувачки со самата тематика, богат со разни битни и архивски материјали„.

Сега на ред е „Небо –Точак – Земја„ да го „освојува„ светот низ разни фестивали.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 310 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот