Култура

Претставата „Ромскиот град“ животната приказна на Рита Пригмор и нејзината покојна сестра близначка Роланда

Семејството Јошле Мелани Вајс загина во нацистичка Германија затоа што се Синти. Оваа актерка се занимава со оваа семејна траума во претставата „Ромски град – град на слободните“.

Претставата „Ромскиот град“ е заснована на животната приказна на Рита Пригмор и нејзината покојна сестра близначка Роланда. Рита е припадник на народот Синти и преживеан од Холокаустот. Темата е блиска до Џошла бидејќи нејзиното семејство било прогонувано и убиено. Нацистичкиот режим ги затвора и ги изолира Синтите и Ромите од општеството, од кои многумина беа експериментирани или депортирани во работнички и концентрациони логори.

Дедото на Јошла бил во Аушвиц. Тој успеа да преживее. Од седумте браќа и сестри, само уште еден брат успеал да побегне со него. Нејзината баба била во кампот Дахау и исто така преживеала. Јошла припаѓа на третата генерација по Аушвиц. Но, нацистичкиот геноцид врз Ромите исто така остави свој белег.

Случајот со семејството на Јошла не е сам. Но, последиците од нацистичкиот прогон на Ромите и Синтите врз идните генерации сè уште не се целосно истражени.

На крајот од делото Јошла стои во позадина. Тој гледа директно во публиката и триумфално вели: „Дали знаевте дека највисоката стапка на наталитет имаше во повоените логори за преживеани? Не можете да не убиете. Се обидовте, но не успеавте“.

Осврт на Валентина Горгиевска – Парго за Ромскиот филмски фестивал „Златно Тркало 2022„: “Златното тркало”, е навистина златно!

Не знам колкумина од вас слушнале за фестивалот “Златно тркало”, дека тоа е фестивал на, или подобро речено за ромски филмови (документарни и играни), а за оние кои не биле и не слушнале, ќе се обидам да им го претстават преку еден генерален пресек низ годините.
Фестивалот, кој годинава (про)слави 20 години, почна во далечната 2002 година. Дел се случуваше во хотел “Континентал” каде беше сместен и прес центарот, а во првото издание проекциите и доделување на наградите се одржаа во Музеј на современа уметност, на скопското Кале.
Фестивалот го отвори, нема да верувате, лично и персонално, господинот Јуџин Чаплин, најмалиот син на легендарниот Чарли Чаплин.
Па така, ако Чаплин го означил почетокот на филмската уметност, стотина години потоа неговиот син даде амин за отпочнување на ромски филмски фестивал.
Тоа не беше случајно, можеби малкумина знаат, но Чарли Чаплин има ромска жичка, оттука и Јуџин, што беше и пресудно овој исклучителен човек и продуцент да се најде на бината на првиот фестивал.
Е, дури годинава, по цели 20 години, директорот и основачот на “…Тркалото”, господинот Зоран Димов, јавно призна дека тогаш бил исплашен во која насока ќе продолжи фестивалот, откако се случило отворање/стартување со толку големо и звучно име од светот на филмот. “Дали може да се повтори таков момент уште еднаш, во која насока ќе се движи понатаму ?”, се прашувал потајно.
Нема место за страв, и паника. За сиве овие 20 години “Златното тркало” за Ромите навистина направи нешто важно дури и од светски размери. Успеа да собере илјадници филмови, што играни, што документарни, долги и кратки, од сите меридијани, и како распрскани бисери, ги собра на едно место и состави во еден ѓердан.
А што научивме ние од тие филмови, кои неретко нѐ оставаа расплакани во темната кино сала? Научивме дека не е (баш) точно дека Ромите немаат земја, нивна е цела Земјина топка. И дека секое парче во било кој дел на светот крие по една горко-слатка ромска приказна, дека некаде немаат леб да јадат, некаде имаат во изобилство. Научивме и дека Ромите немаат само еден јазик, тие ги познаваат сите, затоа што преку своето (е)мигрирање биле принудени да живеат насекаде. Во сите држави. Научивме и дека каде и да се и во било какви услови, носат еден ист врежан код, и имаат ист кодекс на однесување, и дека низ нивните солзи и таги, секогаш пробива една искрена хумана насмевка.
Научивме и многу многу работи, кои претходно не ни биле јасни, а и немало од каде да ги научиме дотогаш. Научивме, затоа што, за наша среќа, имаше години кога конкурираа филмаџии од по 30-40 земји, и се собираа стотина филмови на репертоарот на фестивалот.
Друга “драж” на “Тркалото” е што, за разлика од официјалните светски фестивали (го ставам во тој ранг зашто навистина има префикс “Светски, Меѓународен, Интернационален” ) ја нема онаа крутост во строго поделени жанрови, и правила без исклучоци, сите филмови се прикажуваат во салата а потоа жирито, преку едно флексибилно оценување, ги избира најдобрите.
И на самата церемонија на наградување, откако ќе зачекорат по црвениот тепих и ќе се сместат на своите места, присутните во публиката се сведоци дека нема некое сценарио, сѐ е спонтано, можеби токму затоа и толку привлечно. А што се однесува до тоа, тука се низ годиниве за добро расположение и главните јунаци на некогашната телевизија БТР, Сафет, Дишо, Кољо, и неодминливиот господин Муарем Рамуш, познат како Цирко, кому годинава, му се приклучи и водителот Даниел.
Наградувањето, кое некогаш главно се случуваше на едно свечено ниво во хотел “Континентал”, а во поново време во Кинотека, е посетено од бројни претставници од амбасадите, најчесто и тие ги примаат наградите, во име на наградените, бидејќи има приличен број на награди за филмаџии од разни земји. А знаеле да дојдат и лично наградените, како реномираниот белгиски режисер Боб Ентроп, Есма Реџепова Теодосиевска да е во жири, Васка Јанковска да е во публика,жирито да биде составено од ѕвезди од типот на Лабина Митевска и долгогодишниот уметнички директор на овој фестивал Данчо Чевревски, но се случувало и организатор да биде посетен од други познати актери, режисери од регионот, па дури и сестрата на кралот на Ромите од Романија, а годинава дојде и Мисот на Европа, раскошната млада турска убавица Дујгу Чакмак… Се случувало и да нема медиуми, но сѐ што таму се случувало било архивски забележано од камерата на Исеин.
Тука е важно да се спомене што наградените се и професионални актери и натуршчици од домашен и од странски терен. Филмовите се изработени професионално, но може да се најде и по некој на ранг на аматерски. А сите тие се со еден широк спектар на теми, од проблеми, дискриминација, омаловажување, страдања, патила, до веселби и светски успеси.
И сето ова набројаново, е во организација на само тројца луѓе, меѓу кои и една дама, Весна Димова.
И што би било на крај поентата од сето тоа, сѐ би се свело на “фестивал ко фестивал” доколку зад “завесата” на фестивалот не се случува, би рекла-она најглавното. Обука на млади таленти Роми за филм, и изработка на филмови. Па има ли поубаво и покорисно? И дузина млади ѕвезди изникна од овој фестивал, зашто “Тркалото” ги обучува и ги наградува и најмладите, златните талентирани деца. Им дава насока. Ветар во грб. Надеж дека може да се тркалаат кон успехот со ова “Златно тркало”, да творат, да се искажат, и да сонуваат дека еден ден ќе дојдат и до најпознатата филмска статуетка, Оскар, која како што кажа режисерката и предавач, Марија Џиџева по изглед е многу слична на оваа, нашата, а којзнае еден ден можеби и тоа да им се оствари.
Да им го посакаме тоа на најмладите, и да им стегаме палци, само така овој фестивал ќе ја добие својата комплетна смисла на светско ниво! А фестивалот да продолжи, зошто низ сите изминати години на турбуленции, гордо, стабилно и непоколебливо се движел кон својата зацртана цел. Или подобро речено-цели. И, успевал!

 

Link: https://www.kulart.mk/kolumna/zlatnoto-trkalo-e-navistina-zlatno/?fbclid=IwAR1f_SDBQ1o2QD-ydMshJ8K8U5lbjxIryIHkDN8mr4HyJ57KjPQ6vWtkSFQ

In Memoriam: Почина познатата поетеса и новинар Сали Ибрахим

По кратко боледување, на 6 јануари 2022 година почина позната ромска поетеса и новинар Сали Ибрахим. Сали Ибрахими одигра голема улога во консолидацијата на ромската култура во Бугарија. Погребот беше извршен на Централните Софиски гробишта.

Сали Ибрахим - Снежана Иванова е роден на 23 мај 1950 година.

Таа беше главен специјалист во Одделението за културни настани и програми на општината Митрополит. Член е на Сојузот на бугарските писатели.

Основач на Националниот центар на заедницата „Елит - Центар за ромска култура - 2002“, во областа.

Др Кољо е добитник на наградата „ Големата ѕвезда на македонскиот филм„

Во рамки на одржување на 42. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола (16-21 септември) на прес конференцијата директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски соопшти дека меѓу годишни лауреати се наоѓа и актерот Бајрам Северџан - ДР Кољо кој на филмската јавност и е познат по своите улоги во филмовите „Црна мачка, бел мачор“ и „На млечен пат„ на Емир Куструрица, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Џипси Меџик„,„До балчак“ на Столе Попов и др.Тој  е добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм, награда која ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ).

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 99 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот