Во рамки на своите активности СП БТР Продукција е во финална постпродукциска фаза на најновиот документарен филм насловен како „Живот на крстопат„.
Филмт ја раскажува тажната приказна на семејството на Гани Адемов и неговот секојдневие.
Тоа е сиромашно семејство составено од пет члена каде како главни протагонисти се Гани Адемов, неговата невенчана сопруга Јуксела Абдиоска и синовите Сали (8), Озган(4) и новороденчето Ќемал.
Тиа се принудени да питачат низ скопските улици. А освен Гани ниту еден од ниц нема документи за лична идентификација и лишени се д сите видови на загарантирани права.
Премиерата се очекува да биде на 1 Јуни 2023 во рамки на овогодишниот филмски фестивал „Златно тркало 2023„ кој ќе се одржи по 21-ви пат од 29 Мај до 1 Јуни 2023 во организација на СП БТР.
Режисер на овој документарец е Зоран Димов, додека сценариото е на Зоран Димов и Рамуш Муарем – Цирко. Филмот како и филмскиот фестивал финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Р.С.Македонија
Линк за трејлерот
Link: https://www.facebook.com/zoran.dimov.7/videos/915934869645399