Култура

Се снима нов филм за Ромите и музиката „ Калафон„. Започната е краудфандинг кампања

Продукцијата ЕТМ, која работи на реализација на дебитантскиот краток филм на Вук Богдановиќ „Калафон“, дело што ја афирмира музичката креативност на Ромите, истовремено истакнувајќи ги проблемите со кои се соочуваат дискриминираните и маргинализираните групи на население, започна кампања за групно финансирање на платформата Индиегого.

Филмот е поддржан и од Националниот совет на ромското национално малцинство. Проектот на тој филм беше поддржан претходната година на конкурсот на Филмскиот центар на Србија, чија комисија во своето образложение истакна дека станува збор за особено квалитетен проект кој се издвојува поради познавањето на материјалот и милјето во кое филмот се одвива, и големата љубов на авторот кон главните актери.

Заплетот на филмот се заснова на традициите, обичаите и музиката на Ромите, воведувајќи не во овој фантастичен свет преку филмската поетика на авторот.

Ромската култура го инспирирала авторот да ги истражи проблемите со кои се соочува ова национално малцинство, суровиот живот на музичарите, кафанџиите, келнерките, забавите, злоупотребата на детскиот труд, магичниот круг на сиромаштија и необразование, нелегалниот пазар на труд, невидливоста во државниот систем...

Филмот ќе содржи изворна ромска музика, која ќе биде спасена од заборав и на овој начин ќе се претстави пред пошироката публика.

Освен тоа, ќе има и авторска музика која уште долго ќе го живее својот кафански живот.

Режисерот сака да ја прикаже својата визија за животните приказни на ромските музичари користејќи го автентичниот јазик на филмот и преку својата естетика да го посочи овој општествен феномен.

Покрај режијата, тој го напиша и сценариото за овој филм.

Според планираното, филмот „Калафон“ ќе се прикажува на сите релевантни домашни и странски фестивали за краток филм.

Link: https://www.danas.rs/kultura/pokrenuta-kraudfanding-kampanja-za-kratkometrazni-film-kalafon/

Youtube:

Доделени наградите „Romani Jagorin„ во организација на Ромалитико

На 20 јуни во Македонска филхармонија во Скопје се одржа манфистацијата „Romani Jagorin„ во организација на Ромалитико. Се доделиа 23 награди од областа на културата, уметноста, традицијата, ромскиот активизам, музика, хуманост, социјални мрежи, за животно дело и др.

Во неколкучасовната програма  беа повикани најистакнати поединци, организации, групи и институции за да ги примат наградите кои претходно беа предложени преку платформа за гласање преку социјалнмите мрежи.

На самиот старт од страна на Суад Скендери беше промовирана платформата за донации.

Наградени со признанието „Romani Jagorin„ по категодиии беа следните:

Особен придонес за ромската заедница на Одделението за имплементација на Стратегијата за Роми, Зекир Абдулов, Ахмет Јашаровски,

Дилбера Камберовска, Жаклина Дурмиш, Кевсера Мемедова, Надир Реџепи,

Сузан Амет, Енисе Демирова, Зоран Димов, Љатифе Шиковска, Самет Скендери и Мухамед Точи. особен придонес во развојот на ромската заедница во дијаспората, Алмир Сали, Адмир Исмановски и Андријано Џеладин за хуманист на годината Сабухан Ферадовиќ за ромска општествено

одговорна компанија ресторанот Ми Каса за регионален придонес за

промоција на ромската уметност Сеад Казанџиу од Р. Албанија , за спортист на годината Муни Елез. За категоријата најпопуларен ромски пејач Таркан Сулејмани. наградата најадобар актер  Северџан Бајрам – Кољо, за особен придонес во режија Бурхан Рахим.

За особен придонес во литературното творештво Севдија Абдулова.

за особен придонес и промоција на ромската уметност Дурмиш Ќазим,

особен придонес заистражување на ромскито идентитет Даниел Петровски

придонес во зачувување и промоција на ромскиот јазик Љатиф Демир,

особен придонес во промоција на ромската култура на организацијата Романо Ило , за најпопуларен ромски веб портал 24 Вакти, најпопуларен бенд на годината Газоза Бенд, за инфлуенсер на годината Снежана Јашаровска. За особен придонес во македонското современо општество

Џијан Емин за најпопуларен дувачки бенд Џамбо Агушеви Бенд, за музички трајни вредности на Ибуш Ибраимоски. Признанија за животно

дело хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ , Шаип Јусуф.

Ферус Мустафов, и Фаик Абди

Во категоријата за најпопуларна песна за 2022 Ајгара Бенд и пријателите за песната Шутка. Водител на настанот беше Сунај Сабриоски, свој стенд ап имаше актерот Џенгиз Хусеин, а свои настапи имаа и Gypsy Soul и Roma Rock School

Video: https://www.facebook.com/romalitico/videos/279582601193936/

 

На 1 јуни се спушта завесата на 21-от Филмски фестивал „Златно Тркало„. Гранд при за холандскиот „Рејквием за Аушвиц„ во режија на Боб Ентроп

Во Кинотека на Северна Македонија во Скопје на 1 Јуни оваа година со почеток од 19 часот ќе започне церемонијата на свечено затварање на 21-от филмски фестивал „Златно тркало 2023„. Церемонијалот ќе започен со премиера на документарниот филм на СП БТР „Живот на Крстопат„ во режија на Зоран Димов.

По премиерата е планирано доделување награди за најуспешните. Ќе се доделат три дипломи за едноминутни видеа и три за кратки видео форми за ученици деца од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид„ од Скопје.

Исто така ќе се доделат и благодарници за институции и личности кој придонеле за реализација на овој фестивал.

Во официјалнит дел ќе се доделат и плакети за најуспешните, меѓу кои и награди за:

„Придонес кон ромската заедница„,„ Зачувување на трајни вредности„, „За Ромскиот холокауст„, „ За најдобро, сценарио„ и „најдобра режија„ како и Гранд При на фестивалот.

Оваа година Гранд При наградата му припадна на филмот „ Рејквием за Аушвиц„ од холандкиот режисер Боб Ентроп.

Инаку филмската програма на овогодишните филмови беа прикажани во Кинтека на Р.Северна Македонија. Истите филмови ќе бидат прикажани исто така и во перодот од 2 до 4 јуни оваа година во Кинотека на Р.Македонија. И оваа година филмскиот фестивал беше поддржан од Филмскиот фонд на Р.Северна Македоонија

ЕРИАК : „Barvalipe„ во Марсеј и на Канскиот филмски фестивал

Еден од најпознатите музеи во Франција МуЦем во Марсеј од 9-мај ке биде домакин на изложба посветена на историјата на различноста на ромското население во Европа.

Ова изложба е развиена во соработка со европскиот Институт за ромска култура и уметност ЕРИАК под наслов „Барвалипе„ што во превод значи богаство.

„Барвалипе„ е осмислена од тим на 19 луѓе Роми, Синти,Мануш, Житан, Патници, како и лица од различни не ромски заедници и профили.

Целта на изложбата е да се прикаже најраните извештаи за пристигнувањето на Ромите во Европа, нивното прогонство кое кулминирало со Холокаустот.

Овој дел на изложбата ке се занимава со улогата на стереотипните престави во културата и фоклорот, но и самиот израз на заедницата преку нивниот јазик, барањето за нивни права и друго.

Другиот дел на изложбата е посветена на рефлексијата на поимите и припадноста и нивниот индентитет.

И во првиот и во вториот дел на изложбата ке бидат изложени дела на не Роми заедно со современите дела на ромските скулптури, фотографии и сликари со цел да им се овозможи на преставниците на ова заедница да ја дадат својата визија за дветвековното присуство во Европа, афирмирајки ја својата култура.

Изложбата располага со 200 дела и документи (печатени материјали, видеа и избрани аудио снимки ) од француски и европски јавни и приватни збирки, од цела Европа.

ЕРИАК исто така ке се престави и на Канскиот филмски фестивал од 17 до 20 мај каде ке се престави со филмот« Gipsy Queen » -Ромска кралица со Алина Сербиан ромска актерка која ја толкува главната улога во филмот.

Свое излагање за првпат во историјата на Канскиот фестивал ке го има и Жељко Јованович директор на канцеларијата за ромски иницијативи -Отворено Општество.

Link: https://euromapress.com/%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%b0%d0%ba-barvalipe-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%b5%d1%98-%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%84%d0%b8%d0%bb/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 237 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот