Infamia полска серија во 8 продолженија со ромска тематика на НЕТФЛИК
Филмот INFAMIА се врти околу 17-годишна девојка која живее заробена меѓу своите Ромски корени и притисоците на нејзините родители и пријатели. Таа се стреми да биде хип-хоп уметник и покрај нејзините строги родители.
По неколку години живеење во Обединетото Кралство, една млада Ромка по име Гита и нејзиното семејство се враќаат во родната Полска. Таму, Гита се обидува да се пронајде себеси, да ја открие својата страст и да го живее животот на девојка на нејзина возраст.
Но, кога ќе се заљуби, мора да го помири модерниот тинејџерски свет со семејните правила наметнати од традицијата.
Објавена на 6 август, оваа продукција се прикажува во 8 епизоди од 45 минути и моментално има само една сезона. Филмот е во режија на Алина Малижевска, по сценарио на Дана Лукасинска, Алина Малижевска и Џулиета Олшевска. Главната улога ја игра Ромката Зофија Јастржбска, а во другите главни Себастијан Лах, Магдалена Червињска.
Link: https://www.theneweuropean.co.uk/for-one-roma-woman-avoiding-infamy-comes-at-a-price/