Култура

Орагизирана е првата изложба на фотографии и биографии на „Ромски партизани„ од авторот м-р Даниел Петровски

Денеска во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид„ во Шуто Оризари пред голем број на присутни лица беше презентирана изложбата „Ромски партизани„. Изложбата „Ромски партизани“ е авторско дело на м-р Даниел Петровски, докторант при Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Изложбата се фокусира на партизанското движење во Македонија и учеството на Ромите во него во текот на Втората светска војна.

Партизанското движење било противтежа и отпор на нацистичкото и фашистичкото движење во Европа. Според истражувањата, најмалку 200 Роми партизани зедоа учество во НОБ за време на Југославија. На оваа изложба истакнати се само дел од ромските партизани за кои можеше и имаше достапна литература и материјали. Прикажани се податоци за 50 ромски партизан од Скопје, Куманово, Берово, Пехчево с.Црник, Прилеп и Битола. Во наредните денови поточно истата изложба ќе биде презентирана на плоштадот во општината Шуто Оризари на 26.10.2023, на 07.11. во Топаана во Скопје а од 13 до 17 Ноември во Музејот на Македонија во Скопје. Инаку организатор на изложбата е Здружението „Романо Ило„ од Скопје

Во жариштето на конфликтот во Палестина една од организациите кои се грижи за Палестинските Роми – Домари е и Друштвото на Ромите - Домари во Ерусалим

Друштвото на Ромите - Домари во Ерусалим, основано во 1999 година, е единствената организација во Палестина посветена на зајакнувањето на ромскиот народ Домари. Друштвото работи на ниво на грасрут за да им служи на социјалните, културните и образовните потреби на оваа малцинска заедница, која долго време страда од дискриминација, запоставување и сиромаштија како и со нивните колеги во Европа. Фокусирајќи се на жените и децата, Друштвото обезбедува туторски услуги за училишни деца, стручна обука за жени и курсеви за описменување за возрасни. Домарите на Блискиот Исток и Северна Африка пристигнаа во регионот по нивното иселување од Индија во неколку миграциски бранови. Во Палестина, малите заедници на Домари можат да се најдат низ Западниот Брег и Појасот Газа. Во Ерусалим, народот Домари се населил во Стариот град, во населбата Баб ал-Хута во близина на Лавовската порта. Низ вековите на нивното присуство во регионот, народот Домари ги зголеми своите корени и во голема мера се асимилираше во мејнстрим палестинската култура. Домарите денес се муслимани и зборуваат арапски јазик. Иако номадскиот начин на живот и јазикот Домари се во голема мера заборавени, идентитетот на Домари сè уште може да се најде во нивните обичаи, храна и занаети. Друштвото го започна своето партнерство со Sunbula во есента 2008 година преку обука за развој на производи за жените занаетчии. Ракотворбите и накитот Домари се уникатен спој на локалната палестинска култура и живописното наследство на Домари. Друштвото го води и угостителскиот проект Domari Gypsy Kitchen. Sunbula ја поддржува оваа иницијатива преку „Runch Deli in the Garden“, редовен настан во неделата кој нуди домашно зготвени палестински оброци за готова храна.

Domari Society of Gypsies in Jerusalem

10 Shafat Road, Jerusalem

 Telefax: (+972) 02-532-4510

 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Документарецот на СП БТР „Живот на крстопат„ имаше ефект! Малиот Сали Адемов, од дете кое питачеше на улици, сега оди на училиште

Пред нешто повеќе од една година Документарецот на СП БТР „Живот на крстпат„ во режија на Зоран Димов, ја доживеа својата премиера, каде публиката ја остави во солзи и длабоки емоции. Приказната е за маргинализацијата, економската несигурност, борбата за егзистенција на едно пет члено ромско семејство, кој исто така се соочуваше и со лица без документи и без покрив над главата.

Сега веќе при крај е формалноста со документите, и наскоро ќе ги добијат личните документи. Но една од најглавните придобивки е што еден од главните ликови малиот 8 годишен Сали Адемов, кој претходно  по скопските улици питачеше заедно со своите родители, започна еден нов за него убав период од животот. Започна да посетува училиште за да го формализира своето образование.

Токму поентата и на документарецот и самиот режисер Димов беше на некој начин да испрати порака до државата и општеството дека и за тие семејства треба да им се даде шанса да го живеат својот живот еднаков како и сите други. Наедежта е тука, „Живот на крстопат„ имаше ефект!

Наместо музеј куќата на Есма и Стево РУГЛО! Еве како изгледа внатрешноста (Фото)

Куќата на Есма и Стево Теодосиевски, која по нивната смрт требаше да биде музеј на хуманоста и музиката – пропаѓа. Од објектот буквално се останати само голи ѕидови, а во внатрешноста само по некој безвреден остаток сведочи дека на времето во него некој живеел.

Се што некој сметал дека било вредно е однесено, а да биде иронијата уште поголема откорнати се и каблите од ѕидовите. Само уште по некој стар весник и фотографии расфрлани по подот стојат како неми сведоци за животот на кралицата на ромската песна Есма.

Клучот од куќата, како што се пишуваше своевремено, го имаат внуците на Есма кои го оспоруваат нејзиниот тестамент и не дозволуваат да се реализира желбата на Есма и Стево и куќата да биде претворена во музеј. Но и да се случи тоа, никој не знае каде се однесени сите вредни предмети од домот.

Се вели дека една фотографија вреди илјада збора, па затоа во прилог ви носиме ексклузивни фотографии од внатрешноста кои се неми сведоци за непочитувањето на ликот и делото на големите Есма и Стево.

Link: https://vecer.mk/zabavna/namesto-muzej-kukjata-na-esma/

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 90 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот