Култура

Ромски танц пред кафеаната „Кермес“

Постојат места во Скопје познати по богатата ромска традиција, а кои денес се заборавени. Навраќањето кон тие заборавени места и обичаи ги оживува спомените за едно старо Скопје, со неговата специфична боја и атмосфера. На нив треба да се потсетиме бидејќи се дел од богатата историја на градот.
Ромите особено се познати по празнувањето на Ѓурѓовден, со што симболично се одбележуваат новиот живот и доаѓањето на пролетта. Не случајно овој празник се поврзува со светиот великомаченик Георгиј, а нашите етнолози и фолклористи велат дека станува збор за пролетен празник (во основата е празнувањето на природата), кога повторно се буди целата вегетација. Во суштина, не славело само христијанското туку „целото население во Македонија“, како што се вели во толкувањата по повод ова празнување.
Во природа, во една шумичка на Калето кај Француските гробишта, со години Ромите го прославуваа Ѓурѓовден. Тоа место стана славно токму поради оваа прослава (режисерот Бранко Гапо има снимено и документарен филм). За жал, таквата традиција на тоа место денес е прекината, за што со носталгија зборуваат сите жители на тој крај.

Но малку е познат или сосема е заборавен податокот дека пред Втората светска војна, Ромите на друго место во Скопје ги одбележувале Ѓурѓовден и новото раѓање на природата. Имено, тие масовно и со свој препознатлив и специфичен стил празнувале и се собирале во паркот „Идадија“, пред кафеаната „Кермес“. Тука, во таа прекрасна природа, жените во својата најубава носија, а мажите во елегантни костуми, бели кошули, вратоврски и фесови, ја искажувале својата голема дарба за музика, за песна и танц. Тоа може убаво да се види и на оригиналните фотографии што ги објавуваме, а кои потекнуваат од тоа време. Од деталите на фотографиите се гледа дека во просторот пред кафеаната се танцувало, но и се празнувало со адетите што ги подразбирал празникот.
Во записите на еден очевидец на тоа празнување во 30-тите години на минатиот век се откриваат многу интересни детали. Тој е воодушевен и не ги штеди своите пофалби и богатите описи од прославата на Ромите пред кафеаната „Кермес“. Притоа, се потенцира славеничкиот занес на скопските Роми во одбележувањето на празникот. Тоа било еден вид ромски „кермес“ (самиот збор кермес значи еден вид прослава, забава, собирање). Тој кермес се одвивал во знакот на тапанот, зурлата, гајдата и богатите ромски песни и игри.

Во еден миг од прославата, музиката и танцот достигнувале климакс. Лудо, страсно, биеле тапаните, пиштеле зурлите. До бесвест. Шамичињата летале фрлени во височина, а колениците на танцувачите се подвиткувале во ритамот што го диктирал „даули“ (тапанџијата), допирајќи ја земјата. Даули потскокнувал, стрелајќи со очите и со целото свое битие, давајќи му такт на ороводецот. „Мајсторски, мајсторски бие даули во својот тапан“, запишал хроничарот на тоа време. Давајќи такт, тој сликовито ја кревал раката, создавајќи честопати, само од два такта, една навистина ајдучка игра – „тешко ајдучко оро“. Пластично се виткале телата на играчите, а даули сѐ побрзо и побрзо удирал во својот тапан. Потоа, само со еден единствен удар – „срцата се спојувале“.
Еве уште еден прекрасен опис за тоа што се случувало за Ѓурѓовден пред кафеаната „Кермес“. Во долги колони, празнично облечени, Ромите оделе кон паркот „Идадија“, во слава на пролетта и на нивниот најголем празник. Според тогашната традиција, за ваквите прослави, импровизирано и симболично, „се наплатувала влезница“, по системот „Кој колку ќе даде…“. Ромите, кои масовно оделе кон паркот, брзо се фаќале за оро и така создавале сцени „достојни за филмовите на Ајзенштајн и Пудовкин“. Може само да се замисли колку оваа споредба е голем комплимент за музичката и танцувачката уметност на Ромите. И уште понатаму: „Хармоничниот збир од телата и острата ритмика на играта придонесуваа човекот да ја почувствува суровата, грубата, занесна убавина“.

Целото ромско маало било расположено како ниту еден друг ден во годината, се танцувало, се јадело, се пиело. Тој ден потоа можеби ќе се одработувал цел месец. Еве карактеристични стихови на ромска песна од прославата за која зборувавме, а кои во превод гласат:
„Направи ми, Господе, еден голем славеј, за да ми се спушти на пискулот од фесот“
Што се однесува до традицијата за одбележување на Ѓурѓовден во Скопје, бездруго треба да се истакнат масовната прослава и одењето на тој ден во црквичето „Св. Ѓорѓи“ во Кисела Вода, на падините на Водно. Според имотната состојба, скопјани оделе со пајтони, со чези или со запрежни коли. Било обичај со себе да носат и јадење и пиење, а се играло и пеело преку целиот ден, сѐ до попладневните часови. Иако не со толкава масовност, таа традиција задржана е до денес.

Link: https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopski-legendi/%d1%80%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%86-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d0%ba%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b5%d1%81/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3JJW9NFGlX9hvlUZP3nxc3rdAOCfTs1awOK5DOHJtrwiowsirPyhMaZTs_aem_Ae5-r_tnfpQSg-45hPD59O8TACpZh5hkXIMcvyeX11-EWgJi-8G8fodjB8bWbkb75NTMFSC_y4AdPGmBvqGBh-pX

Велика Британија: Ромскиот уметник Дилејн Ле Бас номиниран за престижната награда Тарнер

Останатите номинирани се Пио Абад, Клодет Џонсон и Џеслин Каур. Сите дела на номинираните ќе бидат изложени во Тејт Британија од 25 септември 2024 до 16 февруари 2025 година. Добитникот на 40-та годишна Тарнерова награда ќе биде објавен на церемонијата на доделување во Тејт Британија на 3 декември 2024 година. „Чест е да се објавите толку фантастичен скратен список на уметници и едвај чекам да ја видам нивната изложба во Тејт Британија оваа есен“, рече Алекс Фаркухарсон, директор на Тејт Британија и претседател на жирито за наградата Тарнер.

„Сите четворица работат работа полна со живот. Тие покажуваат како современата уметност може да нè фасцинира, изненади и трогне, и како може моќно да зборува за сложени идентитети и спомени, често преку најсуптилните детали. Во 40-тата година на наградата Тарнер, оваа потесна листа докажува дека британскиот уметнички талент е богат и енергичен како и секогаш“, рече Фаркухарсон.

Link: https://romea.cz/en/world/uk-romani-artist-delaine-le-bas-nominated-for-the-prestigious-turner-prize

Чарли Чаплин, за животот

Чарли Чаплин е еден од најкреативните и влијателните ликови од ерата на немиот филм.  Тој бил роден пред 135 години на 16 април 1889 година, а починал на 25 декември 1977 годин.

Контраверзноста и ласкањето биле секогаш присутни како во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот.

Ова се дел од мислите кои ги споделува со светот:

  • Немам баш многу трпение за убавите нешта кои мораат да бидат објаснети за да ги сфатиме.
  • Не сум сигурен дека јавноста знае што сака. Ова е заклучок извлечен од мојата кариера.
  • Ми се чини дека една од животните иронии е да правиш погрешна работа во вистинскиот момент.
  • На крајот, се е една голема шега.
  • Насмевката е тоник, олеснување, отстранување на болката.
  • Животот би бил одличен, кога луѓето би те оставиле на мира.
  • Животот е трагедија кога го гледаш од близу, но комедија кога го гледаш од далеку.
  • Ништо не е трајно во овој злобен свет – дури ни невољите.
  • Омразата на луѓето ќе помине, диктаторите ќе умрат и моќта која ја зеле од луѓето ќе им се врати назад. Додека луѓето умираат, слободата нема да исчезне.

Гран при за документарецот „Мојот успех„ од Косово, за годинашново „Златно Тркало 2024„

Денес во кино „Фросина„ во МКЦ се спушта завесата на овогодишнито 22-ро по ред изданије на филмскиот фестивал „Златно Тркало 2024„ во организација на СП БТР. Во претходните четири дена од 1 април во Кинотека на Македонија продефилираа сите документарни и филмски остварувања на овогодишното издание, и воедно денеска е финалето.

Во самата најва ќе има музички и танцувачки  вовед.

Потоа ќе се доделат дипломи за едниминутните видеа изработена од ученици Роми во основните училишта., Исто така ќе се додели диплома и за младинското видео,

Инаку победници по каттегории се следните филмови.

  • Придонес за ромската заедница - Award for contribution to the Roma community:„Ромска Крв„ - "Roma blood" - film by Paul Polanski – USA
  • Награда за трајни вредности - Award for preserving lasting values: „ ГЛАД - Така оди тој свет„ - "HUNGER, that's how the world goes" Production: Elpromont - R.Serbia
  • Награда за најдобра музика - Music Award: „Доживотно Музичари„ - "A lifetime of musicians" conducted by Bob Entrop - Netherlands.
  • Награда за најдобро сценарио - Best screenplay: „Момент на бесконечноста„ - "Moment of Infinity" (Director: Zivomir Mihajlovic) - R. Montenegro 
  • Награда за најдобра режија - Best Director: „Стерилни сништа„ -  "Sterile Dreams," directed by Jehan Heinri - Republic of the Czech Republic 
  • Гранд при на Фестивалот - Grand Prix of the Festival: „Мојот успех„ - "My Success", Production NGO ROMTEGRA – Kosovo

Исто така доделени се и плакети за особен придонес во реализација на Злтано тркало и на: Филмски фонд на Р.С. Македонија, Градоначалничката на Град Скопје - Данела Арсовска, АД Пивара – Скопје, ПАКОМАК -  Скопје и за  МЦМС  Скопје

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 101 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот