Незаборав: 8 години без кралицата на ромската и македонската музика Есма Реџепова Теодосиевска

Есма Реџепова е родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Реџепова е петто од шесте деца на Ќанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Уште од мали нозе Есма била вљубена во песната, но татко и Ибраим всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај.

Ибраим тоа го дознал еден ден, кога на вратата на Реџепови чукнал познатиот естраден уметник Стево Теодосиевски. Тој дошол да го убеди да и дозволи на Есма да настапува со неговиот ансамбл. Во есента 1957 година, Есма победила на натпреварот и добила покани за соработка од Радио Скопје. Есма како 13-годишна девојка, облечена во скромно фустанче, музичките критичари откриле вонсериски талент. Тој момент животот на Есма добил поинаков тек. Таа се вклучила во ансамблот на Теодосиевски, а татко и добил ветување од Стево дека тој ќе се грижи за неа, за нејзиниот настап, за кариерата и оти нема да дозволи таа да стане кафеанска пејачка. Дом и станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, патиштата, новите градови и хотелите. Прво почнале со скромни турнеи во Македонија, потоа во републиките на бивша Југославија. Првиот настап на Есма надвор од СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија. На двомесечната турнеја таа била вистинска атракција, затоа што во тоа време не било „природно“ Ромите да се вклучат во естрадниот живот. Заради контактите и поразвиениот музички пазар, скопјанката Есма од 1960 година станува жител на Белград.

Есма станала популарна и поради тоа влегла во протоколот на претседателот на Југославија. Првпат пеела пред Тито во 1961 година, кога гостин на маршалот му бил индонезискиот претседател Сукарно. Со нејзините песни се расположил и либискиот водач Муамер Гадафи, кога летувал во резиденцијата на Бриони.

Таа два пати била номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а втор пат по предлог од Интернационалната Ромска Унија - ИРУ со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.

Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни. Настапи на повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии. Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Есма Реџепова починала на 11 декември 2016 година во Скопје.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 1069 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата