Документарниот филм на СП БТР кој говори за историјата, традицијата и културата на Ромите од пред 1000 години до денес , кој е во режија на зоран Димов, а по сценарио на Рамуш Муарем -Цирко, своја премиера ќе ја доживее и во Финска.
Закажани се две последователни премиери на 20 и 21 Ноември. Првата ќе биде прикажана за финската публика на 20 ноември 2024 година во 14 часот во Кино Регина во Хелсинки, а втората е на 21.11. во Кино Лаика во градот Каркила.
За тие потреби и за кино проекција филмот е преведен и на фински јазик, а насловот на филмот на фински е "Тaivas, Pyörä, Маа"
Инаку голема благодарност мора да се истакне и до тимот на сиоработници и активисти на Ромската заедница како што се Хенри Хедман, Марја Еронен, Кимо Гранквист, Туула Акерлунд и Анет Акерлунд.