Култура

На 1 Јуни во Кинотека на Македонија премиера на најновиот документарец на СП БТР Продукција „Живот на крстопат„

На 1 јуни 2023 година во Кинотека на Македонија во рамките на 21-то изданије на филмскиот фестивал „Златно тракло 2023 „ премиерно же биде прикажана документарниот филм на СП БТР Продукција „Живот на крстопат„.

Низ филмската лента ќе биде прикажано секојдневието и голготата на едно 5 члено ромско семејство кој своето преживување го бара низ скопските улици со питачење. Отфрлени на маргините на општеството главните протагонисти Гани Адемов, неговата невенчана сопруга Јуксела Абдиоска како и трите нивни деца Сали (9) Озган (5) и бебето Кемал принудени се со питачење да го пминуваат своето секојдневие. Уште потрагично е што Јуксела и трите деца немаат лични документи. Ова семејство е и без кров над глава.

Во филмот ќе слушнете и за затвореските денови на Гани во Идризово осуден на 7 години затвор пради обид на  грабеж на УНПРОФОР  од 1 милион долари, за инцесот во семејството на Јуксела, како и за сонот на малиот Сали да биде пеач. Режисер на филмот е Зоран Димов. Сценариото е на Рамуш Муарем – Цирко и Зоран Димов. Камерата е на Исеин Бајрам, Ас. на режија Умер Неџип, а монтажата е на Владимири Овчаровски. Филмот финансиски е помогнат од Филмскиот фонд на Македонија.

Трејлер: https://www.facebook.com/cirdar.emen/videos/1283457732576475

Ферус Мустафов е хоспитализиран веќе три дена е во кома

Ферус Мустафов е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје и се бори за живот.

Ова синоќа на „Фејсбук“ го соопшти неговиот внук Ферчо Мустафов кој денеска открива нови детали за здравјето на легендарниот македонски кларинетист и саксофонист.

„Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома.

Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто еден лекар му ја тргна.

Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар. Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“, напомена на крај неговит внук Ферчо Мустафов

Внуките на Чарли Чаплин снимаат документарен филм за неговите ромски корени

Во нивниот документарен филм наречен „Чарли Чаплин. Човек на светот“, сестрите Кармен и Долорес Чаплин го истражуваат ромското потекло на нивниот дедо. Некои од првите клипови од филмот беа претставени од нив на BCN Film Fest што се одржуваше во Барселона во 2021 годинс. Ова е првпат семејството Чаплин да придонесе за таков степен на филм за Чарлин Чаплин, и како автори и како продуценти. Тие велат дека документарниот филм „радикално ја реинтерпретира работата на Чаплин од ромска перспектива и, преку тој објектив, го истражува прогонот на Ромите“.

Документарецот се фокусира на ромските корени на филмската легенда Чарли Чаплин, околностите на неговото раѓање и периодот на неговото детство и како неговиот Ромипен влијаел на неговата уметност. Филмот нуди и нов, уникатен поглед на животот и филмовите на Чаплин, како и славењето на ромската култура.

Во својата автобиографија, самиот Чаплин не криеше дека и татко му и мајка му се полу-Роми. Тој никогаш немал извод од матична книга на родените, но се вели дека е роден на 16 април 1889 година во Лондон, Англија.

По неговата смрт во 1977 година, во неговата ноќница беше пронајдено писмо, адресирано до него од ромски дописник. Ја опишува ноќта во која се вели дека Чаплин е роден во ромски камп во караван во Блек Пач Парк, Сметвик во централно-западна Англија.

Тоа писмо го открила ќерката на Чаплин, Викторија, а нејзиниот брат Мајкл го рефлектирал вака: „Татко ми доби илјадници писма од целиот свет. Зошто би го чувал тоа ако не му значело?“

„Тој многу добро ги знаеше своите ромски корени и им кажа на татко ми и неговите други деца за нив. Тоа беше нешто на што се гордееше, но беше занемарено“, изјави внуката Кармен Чаплин за списанието Variety на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во 2019 година, каде што сестрите објавија дека го снимаат својот документарен филм.

И двете сестри признаваат дека идејата за снимање на документарецот произлезе од „страста на нивниот дедо да ги пронајде своите ромски корени“, кои тој му ги предал на нивниот татко Мајкл Чаплин.

Link: https://romea.cz/en/world/charlie-chaplin-apos-s-granddaughters-making-documentary-film-about-his-romani-heritage

Youtube:

Во Кинотека на Р.С.Македонија се одржа Ромскиот детски музички фестивал „Чхаворикано суно„ во организација на СП БТР

Традиционално по 7 –ми пат во организација на СП БТР Продукција на 27 Април 2023 година со почеток од 10 часот во просториите на Кинотека на Р.С.Македонија  се одржа Ромскиот детски музички фестивал „Čhavorikano Suno 2023“ – „Детски Сон 2023„.

На фестивалската програма беа презентирани нови 10 детски ромски песни, кои ги исполнија деца Роми ученици од скопските училишта.

Целиот фестивал помина во весела атмосфера.

Песните се снимени во студиото на „Екстрем Медиа„ и продуцентот Реан Незриовиќ, а текстовите се на Енис Муарем.

Директорот и организатор на фестивалт беше Зоран Димов кој на крајот на сите учесници им подели дипломи и воедно други интересни награди.

Воедно голема благодарност заслужи и ОУ„ Браќа Рамиз и Хамид „ за соработката во избор на деца изведувачи, како и одделенскиот наставник Александар Јанчев.

Инаку фестивалот финансиски го помогна Министерството за Култура на РСМ.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 158 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот