Годинешното Гран -при на Нишвил, „Шабан Бајрамовиќ“ му припадна на Горан Бреговиќ, музичар и текстописец. Добитникот на наградата се обрати пред нишката публика пред концертот и потсети дека нивното пријателство трае со години.
- Шабан беше ретка појава како пејач. Оние баритони што сјаат се реткост, тоа беше Френк Синатра. Меѓу нашите автори, Бајрамовиќ е најважен. Нашата музика, како што знам, е провинциска музика, онаа што е автентична е музиката направена од Ромите. Кога ќе го ставите Шабан како најважна фигура на таа музика, тој блеска, ќе дојде моментот кога Европа ќе препознае колку Ромите направиле за нашата култура - рече Бреговиќ.