Ромите во Унгарија: Неинтегрирани, успешно дисциплинирани
Функционална интеграција и инклузија на поголемиот дел од 600.000 до 800.000 Роми што живеат во Унгарија не е спроведена во пракса. Општинска работа за примателите на социјална помош е задолжителна, оној кој не учествува го губи правото на социјална помош.
Според унгарските социолози, задолжителната општинска работа, различно од ставот на владата, на голем дел од вклучените не им го отвора патот кон слободниот пазар на работа.
Широкото толкување на законите во овој дел ѝ дава можност на локалната власт за квази-полициска контрола на сиромашните луѓе, меѓу кои спаѓаат и многу Роми: во случаи на лоша хигиена во домаќинствата или спречување на деца да одат на училиште, им се заканува непосреден прекин на социјалната помош или детски додаток.
Сегрегацијата во училиштата на многу места во Унгарија е цврсто зацементирана: додека сиромашните и Ромите одат во јавни училишта, побогатите ги испраќаат своите деца во приватни училишта.
И новите социјално политички мерки на владата на Орбан содржат една одредба насочена против Ромите: во рамките на програмата за семејство која ја претстави Орбан родителите може да земат кредит ако најмалку три години претходно биле даночни обврзници. А тој услов не можат да го исполнат поголемиот дел од Ромите.