Во Брисел се доселиле околу 10.000 Роми, кои главно се дојдени од Бугарија, Романи и Словачка како и од земјите на поранешна Југославија, се посочува во истражувањето за ромската заедница во Белгија.
Во ова истражување , забележливо е дека словачките Роми се во најнезавидна положба, кои и највеќе се занимаваат со питачење и други слични активности. Се прецизира дека нивната матична држава кон ова малцинство се води лош, и дека тие што сега се во Белгија имаат чувство дека нема што да загубат.
Според истражувањето и покрај обичаите и однесувањето , дури 95% од Ромите се постојано стационирани во Белгија, односно немаат намера живото да го поминат во некои други држави.
Инаку историски гледане првите Роми кои пристигнале во Белгија датираат уште од 15 век, и дека бројот на Ромите постојано се проширувал , а најголем наплив започнал со проширување на ЕУ во 2007 година.
Инаку оние Роми кои на некој начин успеале да обезбедат работен однос најчести занимања се во градежништвото и домашните услуги, покажуваат резултатите од ова истражување.