Близу 25% од домаќинствата во ромските населби во општината Земун немаат питка вода за пиење, и тие жители живеат со намалено чувство на безбедност , покажаа резултатите од истражувањето „ Проценка на безбедноста во подстандардните населби на градската општина Земун„
Најголемиот проблем на поголемиот број на жителите од тие населби е немање канализација или септички јами. Во таквите населби во Земун 39% од ромските семејства немаат пристап до канализација, а најзагрозена населба е Камендин, каде над 77% од домовите немаат приклучок на канализациска мрежа.
Во четри неформални населби каде беше спроведено истражувањето , 95% од жителите имаат електрична енергија, 96% греење, од кои 53% се греат на цврсти горива , 25% имаат централно греење, додека најмал процент користат електрична енергија како извор на затоплување.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека во тие населби присутен е безбедносниот ризик, и дека луѓето живеат под намалено чувство на безбедност.
Анкетираните наведоа дека во тие населби многу често се собираат како ги наименуваа „екстремистички групи„ и по враќањето од училиштата и градинките , децата повеќето остануваат во своите домови , и исто така дека во тие населби има и примери на семејно насилство кон жените и во помал процент и кон децата.
Истражувањето е направен по примерок од 241 амкетиран во четри ромски населби во Земун - Дива населба, Камендин, Војни пат Блок 1 и Блок 2 и Дивата населба во Земун Поље, а ја спроведе Ромскиот центар за жени и деца „Даје„ со финансиска подршка од ОБСЕ Мисијата во Србија.