98% од децата Роми се на улица, покажува анализата на “Националниот Ромски Центар“. Иако малолетни, тие се на речиси секој агол барајќи милостина, чистејќи ветробрански стакла од автомобилите или продавајќи разни предмети.
„Декларативно сите ги поддржуваат Ромите, но на дело тоа не може да го видиме. Дискриминацијата за жал е присутна и денеска и тоа на многу високо ниво“, велат познавачите на тие состојби
„Живот во лоши услови, без инфраструктура вода за пиење, електрична енергија. Проблем со напуштање на државата но и за ограничувањата на слоботата на движење на овие граѓани. За училишта кои учењето со ромски деца е непожелно за родители чии деца не припаѓаат на оваа заедница“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.
Инаку, повеќето од децата Роми не се запишани во матичните книги, ниту во училиштата, а немаат ни здравствено осигурување.