Социјала

До кога правото на здравје за Ромките ќе постои само на хартија?

И овој 8 април, ние, жените од Иницијативата на жени од Шуто Оризари, го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и ден-денес се соочуваат Ромките во нашата држава. Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје.

Незаконската наплата и неефикасните мерки од Програмата за активна заштита на мајки и деца значително им го обременуваат секојдневниот живот особено на Ромките и потврдуваат дека во Македонија и натаму не им се гарантира правото на здравје на жените во репродуктивен период.

Последната Карта со оцена од заедницата, истражување што Иницијативата на жени од Шуто Оризари го спроведе по седми пат на територијата на Шуто Оризари, укажа дека сите 100 опфатени испитанички се невработени и дека дури 82% од оние во репродуктивен период платиле за ЕХО-преглед кај својот матичен гинеколог иако оваа услуга им следува бесплатно.

И покрај низата мерки предвидени со Програмата за активна заштита на мајки и деца за 2018 година, кои требаше да им го олеснат пристапот до здравствени услуги на маргинализираните и ранливите, истражувањето покажува дека:

40% од жените без здравствено осигурување платиле за лабораториски анализи во текот на бременоста и за породувањето иако овие услуги им следуваат бесплатно,
само 16% го искористиле правото на бесплатна фолна киселина,
само 11% од бремените жени биле посетени од патронажни сестри во текот на бременоста,
дури 12% од бремените жени се малолетни.

Токму затоа, се бара од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување конечно да го решат долгогодишниот проблем со незаконската наплата на бесплатни здравствени услуги кај матичните гинеколози и да го подобрат спроведувањето на мерките од превентивните програми наменети за жените во репродуктивен период.

Се апелира до државата и до Министерството за труд и социјална политика да им дадат приоритет на сите социјално ранливи категории на граѓани при „кроењето“ на мерките за вработување, а особено на Ромите кои ѝ припаѓаат на најмаргинализираната група на граѓани во државава.

Инаку, зошто би им го честитале Меѓународниот ден на Ромите?

Кои се корените на проблемот со питачење во Македонија?

Се претпоставува дека во Македонија има околу 2.000 деца на улица.
Борбата за гола егзистенција многу деца во Македонија ги носи на улица. Сами, или со нивните родители, питачат за да дојдат до парче леб.

Според психолозите, најчесто станува збор за деца кои се надвор од образовниот процес и доаѓаат од семејства од ромска националност, кои уште од мали се навикнуваат на овој начин на живот.

Фактор кој многу влијае за оваа појава е и ниското образовно ниво на родителите. Затоа се неопходни мерки за нивно дообразување и вработување.

Според Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа реализираат стручна, советодавна и тимска работа за децата на улица и нивните родители и обезбедувајки право на социјална заштита, а двапати во неделата спроведуваат и теренски активности.

Преку проектот „Инклузија на деца - Роми во јавните предучилишни установи“ се овозможува подобрување и поддршка на интеграцијата на овие деца пред поаѓање во основно образование. Само оваа учебна година, има 514 деца.

Децата на улица посетуваат и посебни центри каде им се пружа и воспитна компонента со што се подготвуваат за вклучување во редовниот образовен процес.

Link: https://mk.voanews.com/a/macedonia-children-begging/4230091.html

Животот на Ромите во БиХ: Отфрлени и „поинакви„

И покрај некои позитивни акции во заштита на правата на Ромите во БиХ кој е направен во изминативе години, и понатаму има многу случаи на дискриминација каде оваа заедница се соочува секојдневно.

Ромите се најбројна од сите 17 национални малцинства кои живеат во БиХ . Според пописот на жители во БиХ од 1991 година само околу 8.000 од нив се изјасниле дека се Роми.
Но извештаите од терен велат дека нивниот број е значително поголем. Според специјалниот изветувач на ОБСЕ за состојбата на Ромите во БиХ од 2013 година велат дека на територијата на БиХ има над 50.000 Роми.
 
Според некои други достапни информации најчесто се спомнува и бројката од околу 70.000 но сепак сите тие информации не се земаат во предвид и не се релевантни се додке ане се даде финалниот извештај од последниот попис во БиХ.
Но сепак се знае дека Ромите се најзагрозено национално малцинство каде често се судруваат со предрасуди, дискриминација и Ромите ги доживуваат како „поинакви„ како група која не припаѓа на тоа општество каде што живеат, и има повеќе кривични дела кои се направени врз нив само од омраза.

Link: http://www.diskriminacija.ba/teme/%C5%BEivot-roma-u-bih-odba%C4%8Deni-i-druk%C4%8Diji

Летно сметање на времето: Денот се зголемува, Часовникот оди напред еден час

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји веќе донесоа конечно укинување на оваа практика.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 257 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот