Италијански тинејџер им се спротивстави на фашистите кои протестираа против Ромите
Едно 15 годишно момче кои им се спротивстави на екстремните десничари за време на протестите ги освои симпатиите во Италија.
Момчето со име Симеоне беше снимен во вторникот како ги брани националните малцинства за време на протестите на крајно десничарските активисити во Рим.
Тие протестираа против доселување на 70-тина Роми во прифатни центри во тој регион. Додека еден о лидерите на неофашистичката партија “CasaPound” пред новинарите даваше изјава дека локалното население не ги сакаат Ромите, Симеоне ја подигна раката интервенирал со зборовите: „Јас со тебе не се сложувам„
– Она што вие го правите овде во Торе Маури е искористување на бесот на луѓето овде во моето соседство. Ти тој гнев го претвараш во твои гласови и за твои интереси. Ако некој Ром влезе во мојата куќа и украде, сите ќе излезат на улица на протести против сите Роми. Но ако некој италијанец влезе во мојата куќа и украде луѓето ке молчат.
Не ми се доаѓа тоа што секогаш ги напаѓаш малцинствата .
Видео снимката со Симеоне постана виртуелен хит неколку часа и го објавија сите италијански и неколку светски медиуми. Некои новини го опишаа и како „нов херој на левицата„
Инаку во видеото од протестите кое го објави “La Repubblica”, демонстрантите ги прикажуваа како ја газат храната наменета за Ромите а се слушаат и гласови како некој вика: „ Мора да умрат од глад!„