Се претпоставува дека во Македонија има околу 2.000 деца на улица.
Борбата за гола егзистенција многу деца во Македонија ги носи на улица. Сами, или со нивните родители, питачат за да дојдат до парче леб.
Според психолозите, најчесто станува збор за деца кои се надвор од образовниот процес и доаѓаат од семејства од ромска националност, кои уште од мали се навикнуваат на овој начин на живот.
Фактор кој многу влијае за оваа појава е и ниското образовно ниво на родителите. Затоа се неопходни мерки за нивно дообразување и вработување.
Според Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа реализираат стручна, советодавна и тимска работа за децата на улица и нивните родители и обезбедувајки право на социјална заштита, а двапати во неделата спроведуваат и теренски активности.
Преку проектот „Инклузија на деца - Роми во јавните предучилишни установи“ се овозможува подобрување и поддршка на интеграцијата на овие деца пред поаѓање во основно образование. Само оваа учебна година, има 514 деца.
Децата на улица посетуваат и посебни центри каде им се пружа и воспитна компонента со што се подготвуваат за вклучување во редовниот образовен процес.
Link: https://mk.voanews.com/a/macedonia-children-begging/4230091.html