Социјала

Зошто е важно да се зачува ромскиот јазик?

Интересот за учење на ромскиот јазик во училиштата варира бидејќи ромската заедница генерално не ја препознава важноста од негување на ромскиот јазик за време на школувањето. Без сомнение, ромскиот јазик, како еден од клучните елементи на ромскиот културен идентитет, секако треба да се негува и во образовниот систем и во семејството.

Во нашата емисија разговаравме со г. Љуан Кока за ромскиот јазик, колку е стар ромскиот јазик, дали нашиот јазик се губи, што да правиме со тоа, колку сме одговорни како заедница за вакви настани.

За повеќе информации кликнете на врската подолу. https://fb.watch/ibTymfvozM/

„Проектот „Животот на Ромите низ нашиот објектив!“ се спроведува во рамките на Програмата за грантови за мали медиуми финансирана од Амбасадата на САД и администрирана од Центарот за медиуми и реформи Ниш. Ставовите, мислењата и заклучоците изразени во проектот не мора да ги изразуваат ставовите на МРЦН и Амбасадата на САД, туку исклучиво ставовите на авторот“.

 

Link: https://romaworld.rs/zasto-je-vazno-ocuvati-romski-jezik/

Кој се Габор Ромите од Романија?

Габор Роми – Ве интересира за Ромската или Габор култура и традиции? Одлично, тогаш повелете да ги запознаете Габор Ромите од Трансилванија во нивната заедница. Оваа турнеа ќе биде нај автентичното интер-културно искуство кое што можете да го добиете во Романија кое исто така ќе ве однесе позади невидливиот ѕид на само-сегрегација внатре во едно од нај интересните но сепак автентична етничка група во Европа – Ромите.

Ќе посетиме семејство на Роми Габори во нивниот дом во едно село блиску до Сигисоара каде што ќе се напиеме кафе како пред текст за да ги научиме нивните непишани правила за договорени бракови, ритуали, улогата на жената во семејниот живот, Ромскиот јазик, кодот на облекување на Габор Ромите и многу повеќе.

Ако сте за подлабоко искуство, може да се организира традиционален Ромски ручек со ова семејство, па дури и жива Ромска музичка и танцувачка сесија исто така.

Габор Ромите од Трансилванија се смета дека се аристократската каста на Романските Роми поради нивните заложби во зачувувањето на светите традиции и браковите кои се само во нивните етнички заедници како заштитна мерка против интеграцијата во се повеќе и повеќе униформираното општество на 21 век.

 

Link: https://www.yourguideintransylvania.com/gabor-gypsies/

Познатиот лик од некогашната југословенска десет динари – Ариф Хералиќ бил Ром

На 9 јануари 1968 година ТВ Загреб емитуваше краток документарен филм со наслов „ Девалвација на една насмевка„. Документарецот беше посветен за Ариф Хералиќ , рудар кои ја красеше десет динарката во времето на стара Југославија. Тоа што малкумина луѓе го знаат  е тоа дека Ариф никогаш не дал дозвола неговата слика да биде ставена на пара , и уште помалку луѓето го знаат неговот име, исто дека бил Ром и многу често го помешувале со Алија Сиротановиќ.

Хералиќ го дигнал својот глас против држават и бараше компензација која никогаш не ја добил. Починал во сиромаштија и лошо ментално здравје кој беше како резултат од неговиот судир со државата.

Тој документарец беше само еднаш прикажан на ТВ и никогаш повеќе поради притисок од државата која тврдеше дека емитувањето било по грешка , а уредникот на филмскиот програм веднаш по неговото емитување си поднесе оставка.

Чешка: Двајца неонацисти обвинети за подметнати пожари побараа условно ослободување, мајката Ромка на повреденотоо девојче не се согласува

Чешкиот дневен весник „Право“ објави дека двајца од четворицата осудени пиромани кои извршија расно мотивиран напад со молотови коктели врз домот на ромско семејство во Витков (област Опава), кој за малку ќе го чинеше животот на нивната двегодишна ќерка Наталка, побараа преименување на делото и да не се осудат за обид за убиство од расна основа

Во доцните ноќни часови на 18 април и раните утрински часови на 19 април 2009 година, мала група симпатизери на екстремната десница употребија молотови коктели за да ја нападнат куќата број 58 во Витков (област Опава), која беше населена со ромско семејство. Тројца маскирани сторители фрлиле по една боца наполнета со бензин низ прозорците на приземјето.

Подметнувачите на пожар потоа влегле во автомобил каде ги чекал соучесник и исчезнале од местото на настанот. Силниот пожар што го подметнаа за малку ќе ја чинеше Наталка живот и ги повреди татко и мајка и.

Наталка претрпе изгореници над 80% од телото. Таа беше донесена во болница во критична состојба и беше пуштена дури осум месеци подоцна.

Судењето започна во мај 2010 година во Острава. Вацлав Којокару, Јаромир Лукеш, Иво Милер и Давид Вацулик седнаа на клупата за обвинети.

Според експертите за екстремизам, сите четворица млади мажи биле активни неонацисти, што било докажано со предмети пронајдени при претрес на куќи. Згора на тоа, Вацулик доаѓаше на суд повеќе од еднаш облечен во брендот на облека Тор Стеинар, омилен меѓу неонацистите.

Обвинетите тврдеа дека никогаш не помислиле дека семејниот дом е населен. Тие тврделе дека го сметале за магацин на украден имот.

 

Link: https://romea.cz/en/czech-republic/czech-republic-two-neo-nazi-arsonists-request-parole-romani-mother-of-burn-victim-disagrees

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 327 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот