Како да се зголеми вработеноста на ранливите повратници?
УНДП и ЕУ поддржуваат решенија за вработување меѓу ранливите категории на повратници во земјава.
Поголемиот дел од повратниците се Роми, а најмногу одлучуваат да ја напуштат земјата поради сиромаштија, невработеност и дискриминација. Според проценките на УНДП извршени во 2021 година, најголем дел од барателите на азил и повратниците се од 30 до 44 години, со ниско ниво на образование.
Не е мал бројот на луѓе со слични патишта во Северна Македонија, а вработувањето е посочено како најголем предизвик што го пријавиле повратниците.
– Преземаме сеопфатен пристап за да обезбедиме повратниците и Ромите да ги подобрат нивните можности за вработување, нашиот регионален проект финансиран од ЕУ работи во Албанија, Северна Македонија и Србија за поддршка на институциите со решенија за економска и социјална реинтеграција на ранливите повратници, велат од УНДП.
Link: https://frontline.mk/2023/01/18/kako-da-se-zgolemi-vrabotenosta-na-ranlivite-povratnici/