На 9 јануари 1968 година ТВ Загреб емитуваше краток документарен филм со наслов „ Девалвација на една насмевка„. Документарецот беше посветен за Ариф Хералиќ , рудар кои ја красеше десет динарката во времето на стара Југославија. Тоа што малкумина луѓе го знаат е тоа дека Ариф никогаш не дал дозвола неговата слика да биде ставена на пара , и уште помалку луѓето го знаат неговот име, исто дека бил Ром и многу често го помешувале со Алија Сиротановиќ.
Хералиќ го дигнал својот глас против држават и бараше компензација која никогаш не ја добил. Починал во сиромаштија и лошо ментално здравје кој беше како резултат од неговиот судир со државата.
Тој документарец беше само еднаш прикажан на ТВ и никогаш повеќе поради притисок од државата која тврдеше дека емитувањето било по грешка , а уредникот на филмскиот програм веднаш по неговото емитување си поднесе оставка.