Стручњаците предвидуваат дека поради нивото на морето, етнички и културни поделби, за 100 години 10 држави можно е да не постојат.
Холандија
На удар ќе биде Холандија, затоа што климатските промени ќе си го направат своето. Таа сега е на ниво на морето или еден метар над нивото и затоа во иднина опстанокот ќе биде доведен во прашање.
Северна Кореја
Бидејќи оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 40-те години на минатиот век, се чини дека само е прашање на време кога незадоволството во општеството ќе кулминира и ќе експлодира.
Белгија
Белгија можеби нема да биде толку обединета за еден век.
Таа е поделена во судири околу етничките прашања меѓу Фламанците и Валонците. Бидејќи не делат ист јазик и имаат многу други културолошки разлики.
Малдиви
Оваа островска земја меѓу Индија и Африка се соочува со сериозна опасност од потонување. Според проценките, Малдивите ќе бидат прва земја што ќе исчезне поради глобалното затоплување, а тоа може да се случи околу 2085 година.
Обединетото Кралство
Бидејќи се работи за унија на различни држави во кои постојат силни стремежи за независност, можно е распад да ја снајде и оваа светска сила.
Ирак
Во воена состојба од 2011 година оваа држава е вистински пример на секојдневно распаѓање. По егзекуцијата на Садам Хусеин, кој државата ја држеше унитарно, населението денес е жестоко поделено.
Кирибати
Оваа островска држава во централниот дел на Тихиот Океан до 1979 година бешр британска колонија. Се смета за олицетворение на тропски рај, но секој кој сака да го доживее треба тоа брзо да го направи, бидејќи зголеменото ниво на морето веќе преплави два острови.
Шпанија
Регионот Каталонија на западниот дел на Шпанија планира стекнување на независност со голема поддршка на јавноста.
Во северна Шпанија се наоѓа Баскија со свои терористички организации, кои се обидуваат да обезбедат сопствена независност.
САД
Со оглед на историјата, факт е дека американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот, уште од Граѓанската војна.
Најверојатно Аљаска, Калифорнија и Тексас први ќе се одвојат.
Кина
Кина има и огромен проблем со еколошкото загадување кое толку многу се заканува, што дури 250.000 Кинези поради загадувањето предвреме умираат секоја година.
Предвидувањата на самата кинеска Влада откриваат дека земјата може да остане без вода за пиење до 2030 година, а големи се шансите државата во сегашниот облик да не ја доживее 2050 година.
Link: https://trend24news.com/archives/11079?fbclid=IwAR3dj9odOhc4VLDdlV0uSu1B_BAkNUHpx5vH9KpxiG6X5uAar-ZiSAPXYjY