Од вкупниот буџет од 12.5 милиони евра за Ромската култура во Македонија доделени се околу „огромни“30 илјади евра. - „Куку леле за Ромската култура„
Mинистерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска на неодамнешната прес-конфренција по повод резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година истакна дека оваа година, според исходот од конкурсите, културата останува во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет. Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра.
Аплицирањето за Годишните конкурси за финансирање проекти, како што
„Во електронскиот систем се евидентирани 3355 релевантни пријави.
Од сите тие пријави за Ромската култура се одвоени нешто над 30.000 евра за 15-тина проекти.
Како и минтатата така и оваа година, Ромската култура по се изгледа е на „периферија„ од културните случувања во државата.
Недвојбено е дека на културната мапа Ромите се како и во секојдневието асолутно „невидливи„
Невиидливи се сите културни збиднувања поврзани со ромите. Од театарски престави до музички фестивали, издаваштво нна книги, и други случни манифестации.
Етет толку вредат Ромите во Македонија. Навистина имаат тежина и самите зборови на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска дека „културата останува во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет„ Од културата за Ромската заедница само „Куку леле за Ромската култура„