Социјала

Финска: Изготвена е Националната политика за Ромите на Финска (Rompo 3) за периодот 2023–2030 година.

Таа се заснова на стратешката рамка на ЕУ за Ромите за еднаквост, вклучување и учество. Како земја-членка на ЕУ, Финска е посветена на целите на стратешката рамка и има за цел да ја промовира еднаквоста и вклученоста на Ромите во различни области од животот. Меѓусекторските цели на Националната политика за Ромите се еднаквост, инклузија и учество, како и елиминирање на дискриминацијата преку справување со антициганизмот. Овие приоритети ќе го водат вклучувањето на мерките на политиката за Ромите. Националната политика за Ромите вклучува и четири секторски групи на цели поврзани со образованието, вработувањето, домувањето и здравството. Исто така, содржи мерки за зајакнување на социјалните, јазичните и културните права на Ромите. Финската национална политика за Ромите беше подготвена во соработка со различни засегнати страни, а мерките ќе бидат правилно насочени користејќи го моделот на животниот циклус. Во согласност со насоките на Европската комисија, на секои две години до Комисијата ќе се доставува извештај за спроведувањето на Националната политика за Ромите. Комисијата ќе го следи напредокот користејќи ги анкетите спроведени од Агенцијата за фундаментални права на Европската унија и повратните информации добиени од граѓанското општество. Ќе се спроведе длабинска среднорочна евалуација на тековната 10-годишна стратешка рамка на ЕУ на ниво на ЕУ, а спроведувањето на среднорочна евалуација на националната стратешка рамка на Финска е исто така вклучено во Националната политика за Ромите.

 

Link: https://julkaisut.valtioneuvosto.fi/bitstream/handle/10024/164620/STM_2023_3.pdf?sequence=1&isAllowed=y&fbclid=IwAR3v6L0EqH66TF9n9sCS-uSe9L2ivBdXrQM-sRJ1ah6rn6RzoRi1nNhCHYo

Србија: 81 година од пробивот на логорот на 12 февруари во Ниш

На 12 февруари 1942 година, 147 затвореници се обиделе да побегнат кон слободата, од кои 105 се ослободиле, а 42 го загубиа животот. Градот Ниш и многу други организации и поединци со положување венци во Меморијалниот комплекс „12 февруари“ уште еднаш потврдија дека жртвите дадени во Втората светска војна не се заборавени. Историските податоци покажуваат дека најмногу загинати во оваа војна биле околу 6 милиони Евреи, околу 500 илјади Срби и околу 1,5 милиони Роми. И денес, по 81 година, не ја знаеме точната бројка на убиени припадници на ромската заедница. Членовите на програмата на ЛАГ #Romanced положија и венец во чест на споменот на сите жртви од Втората светска војна.

 

Youtube:

Време е! За да не бидете заборавени во иднина, погледнете во минатото, реагирајте – Сега!

Согледувајќи ги состојбите во македонското општество во изминативе три децении, како и неговото функционирање, се поставува прашањето -  На кој пат се наоѓа нашата држава? Несомнено тоа се аспирациите се патот кон ЕУ.

Но на тој пат се наоѓаат и безброј препреки и барикади. Но вооедно се поставува и прашањето – Каде во сето ова е Ромската заедница во оваа држава? Предизвиците се безброј и не така наивни, а резултатите се да бидеме искрени – не многу ветувачки.

Затоа досега во последните три децении што на меѓународно , но и на национално ниво предложени се многу иницијативи за подобрување на состојбите со Ромската заеница во државата.

Да скратиме, резултатите од повеќе се поразителни. Некои минимален напредок има во некои општествени сфери, но недоволно за ештаблирање на Ромската заедница.

Затоа и од сето ова произлегува и инцијатива за Ромски политички дијалог како и Иницијатива за Ромска платформа.

И политичкиот дијалог како и платформата ќе се бараат форми и начин за општото добро како за државата така и за Ромската заедница во државата.

Само со заеднички сили и заедничка цел е начинот и формулата за напредок на заедницата.

Затоа и повик од страна на инцијаторите – Мрежата за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Р.С Македонија до сите кои и мислат добро како на државата така и на својата заедница да се приклучат и да дадат свои видувања, ставови, експертиза, мислења и искуства.

Таа инцијатива би била добро осмислена и направена доколку во неа како креатори би биле вклучени и инволвирани како ромскиот политички фактор, така и ромскиот невладин сектор, сите  ромски интелектуалци, образовани Роми, искусни ромски активисти, и луѓе од ромското секојдневие.

Ромскиот политички дијалог како и Иницијатива за Ромска платформа длабоко сме уверени дека со активна работа и учество како и поделени улоги би имала ефект, како во политичките одлуки на ниво на државата така и во спроведување и имплементација на програмски планови и цели кои се тесно поврзани со ромската заедница. Сите заедно, без суети и дискредитации може да се постигне прогрес.

Затоа што знаеме дека Ромската заедница на сегашното ниво е дојдена токму од тие суети и дискредитации. Тој начин на делување само го уназадува и успорува напредокот на заедницата на сите полиња.

Затоа и уште една повик од страна на Мрежата за системски и трајни решенија до сите ромскиот политички фактор, ромскиот невладин сектор, сите  ромски интелектуалци, образовани Роми, искусни ромски активисти, и луѓе од ромското секојдневие да бидете дел и активно да се вклучите во реализацијата за Ромскиот политички дијалог како и Иницијативата за Ромската платформа.

Време е! За да не бидете заборавени во иднина, погледнете во минатото, реагирајте – Сега!

Џанго Рајнхард - Ромот кој го освои светот со гитарата

Џанго Рајнхард беше белгиски виртуоз на гитара и пионер на стилот мануш музика. Роден е во 1910 година во градот Либерши, Белгија, во ромско семејство. Почнал да свири гитара на рана возраст, а подоцна се вклучил во сцената на париската шансона мануш.

Рајнхард бил самоук музичар и развил уникатен стил на свирење кој комбинирал елементи на класичната, џезот и традиционалната ромска музика. Неговата виртуозност и оригиналниот стил на свирење го направија еден од најголемите мајстори на гитара на сите времиња.

Во 1928 година, Рајнхард се повредил во голем пожар во кој изгубил два прста на десната рака, но успеал да се врати на гитарата и продолжил да свири со помош на нови техники. Неговата популарност и влијание само растеа, а тој стана составен дел од движењето шансон-мануш и еден од најважните основачи на модерната џез гитара.

Рајнхард соработувал со многу значајни музичари од своето време, вклучувајќи ги Стефан Грапели, Дјук Елингтон и Луис Армстронг. Неговата музика е сè уште жива и добро ценета низ целиот свет, а многумина го нарекуваат крал на -мануш гитарата. Рајнхард почина во 1953 година, на 43-годишна возраст, но неговото влијание и наследство останаа.

 

Link: https://romskikutak.info/index.php/2023/02/13/django-reinhardt-rom-koji-je-osvojio-svet-uz-pomoc-gitare/?fbclid=IwAR0UEyUYPStwdxK-SG1FXd9V_6b_94KIRJcXbVg4eza_WRUu9Ye5vD_NIEQ

 

Youtube:

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 186 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот