10 години од серијата напади врз Ромите во Унгарија каде беа убиени шест Роми
Петгодишниот Робика Чорба и неговиот татко, Роберт Чорба беа убиени поради тоа што се Роми на 23 Февруари 2009 година.
Бранот на насилен терор врз Ромите започна во 2008 кога група Унгарски екстремисти ловеа Роми.
Серијата на напади одзеде шест човечки животи. Судскиот процес за четворица осомничени траеше две и пол години, а конечната пресуда беше донесена во Август 2013. Тројца беа осудени на доживотен затвор, а еден на 13 години затвор. Нападите се случија во следниот редослед:
21 Јули 2008, Галгајорк. Кратко по полноќ беа испукани 10-15 истрели со огнено оружје во три ромски куќи. Во инцидентот немаше повредени.
8 Август 2008, Пириче. Запалени се две ромски куќи со Молотови коктели. Една жена беше погодена со истрел додека излегувала од дома.
5 Септември 2008, Нирадони- Тамасипужта. Пукано е во ромска куќа во која живеат татко со своите четири деца додека спиеле. Нема повредени.
29 Септември 2008, Тарнабод. Фрлени се Молотови коктели во четири ромски куќи. Нема повредени.
3 Ноември 2008, Нагичец. Фрлени се две бомби во две ромски куќи. При бегството од домот убиени се маж на 43 и жена на 40 години.
15 Декември 2008, Алжоцолка. Пукано е во двајца Роми. Мажот (19 години) се здоби со животозагрозувачки повреди, неговата партнерка помина со полесни повреди.
23 Февруари 2009, Татарженѓорги. Фрлен е Молотов коктел во ромска куќа. При бегството убиени се таткото (27 години) и неговиот петгодишен син. Другите две деца се повредени, додека мајката се извлече без повреди.
22 април 2009 година, Тисалок . Џено Кока,59 годишниот ромски татко доцна во вечерните часови додека ја напушташе ноќната смена, беше убиен пред неговата куќа.
3 август 2009 година, Кислета . 45-годишната Мери Б. и нејзината ќерка беа нападнати од непознати лица во нивните домови. Преживеани, но со тешки телесни повреди.