Земјите од ЕУ продолжуваат да ги кршат правата на Ромите

Основните права на Ромите и понатаму систематски се прекршуваат во ЕУ. Има сериозни проблеми со пристап до образование, домување, до пазарот на труд и здравствена заштита.

Ромите треба да бидат подобро претставени во медиумите, државните институции и политичките органи, инсистираат од Европскиот парламент.
Во одговор на тековните прекршувања на основните права на Ромите, Парламентот бара посилни мерки за борба против антиромското расположение во ЕУ.

Антиромските расположенија се институционализарана и вкоренета форма на расизам во досегашната историја, која се изразува во „насилство, говор на омраза, експлоатација, стигматизация и дискриминација“, посочуваат европратениците во декларацијата.

Во текстот се нагласува особено тешката состојба на младите Роми, меѓу кои се зголемува бројот на оние кои не се трудово опфатени, не учат или не се обучуваат.
Исто така, се бара и повеќе правична застапеност на Ромите во сите сфери, вклучувајќи ги медиумите, државните институции и политичките органи.

Структурните фондови на ЕУ треба да се користат за подобрување на животните услови и идните способности на Ромите, истакнуваат пратениците. Тие повикуваат земјите членки да ги проучат сегашните и минатите злоупотреби со соодветните фондови и да преземат правни дејства против прекршителите.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 386 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот