Во Зајечар навредливи и графити со говор на омраза кон Ромите
На 1 Април 2019 година, градоначалникот на Зајечар Бошко Ничиќ насвојот ФБ профил објавил видео снимки од испишани графити со говор на омраза од непознати лица и напиша„ Безумие„
Тој реагира и вели: „ Денеска во нашиот мирен град , каде луѓето не се делел ниту по вера, нација и национална припадност, на улицата Земунска бр 14 беше испишан најодвратен фашистички графит.
Како човек, а не како градоначелник, се надевам и верувам дека сторителот/ите на овој безумен акт на омраза бргу ќе биде откриен од страна на надлежните државни институции и ќе се процесуира според законот.
На припадниците од Ромската заедница им порачувам да се чувствуваат спокојно и сигурно и дека градот Зајечар , како и досега ќе направи се за заштита и понатамошна еманципација„ напишал на својот ФБ профил градоначалникот на градот Зајечар Бошко Ничиќ.
Инаку на ѕидот од една куќа имаше кукасти крст и графит со содржина„ За циганите од оваа куќа, само смрт„
Link: https://www.facebook.com/bosko.nicic/videos/1163315923847098/