Амнести Интернешнал: И по една година од напрадот врз Ромска населба во Украина, сеуште нема правна завршница
Амнести интернешнал, организација за човекови права, во соопштението за медиумите објавено на 24 април 2019 година изјави дека украинските власти мора да обезбедат правда за жртвите на нападот врз кампот на Ромите во Киевскиот парк "Лиса хора", кој беше извршен на 21 април 2018 година од страна на членовите на ултрадесничарска група која промовира дискриминација и омраза.
"Слушнавме цврсти декларации за осуда од највисоките функционери, кои ветија дека ќе испорача правда за жртвите ... но каде сме ние една година подоцна?" ја праша Оксана Покалчукова, директорка на Амнести интернешенел во Украина.
"Она што украинските власти го презедоа во текот на последните 12 месеци е далеку од ефективна истрага, тие не направија многу за да им помогнат на жртвите на овој бесрамно злосторство од омраза", се вели во соопштението.
По нападот, неговите сторители отворено ги соопштуваа своите постапки и се фалеа преку интернет, а едев член на групата која отворено застанал да брани дискриминацијата и омразата, од неговиот личен Фејсбук профил. Тој беше уапсен во јули 2018 година, но во ноември беше ослободен откако судот одлучи дека полицијата извршила процедурални прекршувања.