Франција: Лажни обвиненија за киднапирање деца: Ромите прогонувани во Сена-Сен Дени
Видеата за насилство против Ромите во Сена-Сен Дени се појавија на социјални мрежи, по неоснованите гласини за наводно киднапирани деца.
20 лица беа уапсени во ноќта на 25 март во одделот за Сена-Сен Дени по насилството насочено кон Ромите. Тоа се случи по објави на социјалните мрежи за наводно киданпирање на деца , се вели во полицијските извори.
"Неколку тепачки и насилство" беа забележани во ноќта на 25 март во градовите Клиши-сус-Буа и Бобињи, но според истите извори немало повредени. Уапсените 20 лица беа веднаш притворени.
Ова насилство се должи според лиферирани информации на социјалните мрежи и алармантни коментари и пораки кои беа провокациски за киднапирање на деца и млади луѓе од страна на сомнителни луѓе кои возеле комбе во неколку области како што се Иле-де-Франција, особено на улиците -де-Сена и Сена-Сен Дени.
Сите овие детали биле неосновани и полиоцијата потврди дека немало никакви киднапирања во Ота-де-Сена или Сена-Сен Дени". Истовремено и реонот од овие места и нивните општински власти дадоа соопштение кое содржи: "По споделувањето на оваа гласина за социјалните мрежи, две лица беа неправедно обвинети и линчувани", се вели во соопштението.