Од средината на март, ромските заедници во регионот на Париз се цел на серија насилни напади, кои често ги снимаат и емитуваат на социјалните мрежи од страна на нивните автори. Според соопштението на полицијата коренот на вакви повици се неоснованите сомнежи за наводни киднапирања од страна на Ромите и трговија со органи и проституција.
Илсен За, истражувач CNRS специјалист за историјата на Ромите и поранешен куратор на изложбата Ромски светови - одржан во 2018 година во Националниот музеј за историја на имиграција во Париз - се сеќава дека овие гласини имаат длабоки корени, и се вкоренити во историјата на Европа и укажуваат на исклучување во која нејзините општества ги одржуваат заедниците на Ромите кои живеат во нив.
Во Европа, Ромите отсекогаш биле обвинети за сите видови на замислени злосторства, како например кражба на деца. Распространетоста на овие митови е на пресвртница помеѓу крајот на 19 век и почетокот на 20 век со порастот на медиумите, кој денес ја таа аналогна улога ја имаат социјалните мрежи со ширење неосновани гласини. каде се таргетирани Ромите.
Тие повеќе ја имаат таа улога со ударни и со големи наслови информации од тој карактер, со прилагодна иконографија, фотографии и слично.
Исто така, постои цела литературна продукција кон крајот на деветнаесеттиот век која е поврзана со овие прашања и која прикажуваат фантастичните приказни на децата украдени од страна на патнички каравани на Ромите , а сега пренесена е во модерна урбана легенда со бели комбиња.