Ниш: Одбележана годишницата од бегството од Логорот во Црвениот Крст
Логорот Црвен Крст во Ниш го формирале Германците во септември 1941 година. Во логорот беа затворени голем број на Роми, Евреи и други .
Од тој логор поминаа 30.000 луѓе од кои 10.000 беа стрелани во Бубањ поток, а голем број беа интернирани во Австрија, Германија, Полска и Норвешка каде беа принудени на присилна работа.
Мачење , стрелање, студ, глад врз Ромите, Србите и Евреите беше главната цел на тортура.
Тогаш на 12 февруари 1942 година група од 147 логораши ги нападнаа стражарите за да се обидат да избегаат од логорот. Во тоа успеаа 105 додека 42 беа убиени. Тоа всушност беше и прво организирано бегство од некој логор во тогаш окупираната Европа.
Потоа се засили и теророт во тој логор кој служеше за најмрачни експерименти на човечкиот ум, и тој терор траеше се до 14 септември 1944 кога беше ослободен градот Ниш.
Link: http://rominfomedia.rs/nisobelezavanje-godisnjice-proboja-logora-na-crvenom-krstu/