Рајнхард Хејдрих имаше повеќе прекари: „крвав ѕвер„, „џелат„ и „ касапот од Прага„- но ниту еден од нив не го отсликал вистински колку беше суров.
Како шеф на Гестапо , Рајнхард Хејдрих беше човек кој ги даде наредбите за најстрашните нацистички злочини. Тој беше организатор на познатата „Кристална ноќ„ (Kristallnacht), насилен прогон врз Евреите во Германија 1938. година со што започна и Холокаустот.
Дури и Адолф Хитлер се плашеше од Хајдрих и во една прилика го истакнал дека има „срце оод челик„ . Тој беше најладен и најозогласен нацист, и човек кои го повикуваа кога беше потребна цврста рака.
Рајнхард Хејдрих е роден на 7 март 1904 година во Хале, Германија. Татко му беше пеач и германски националист. Мајка му беше католик.
Во 1931 година се оженил со Лина вон остен . Лина беше член на Нациситчката партија и благодарение на неа се сретнал со Хајнрих Химлер кој беше на високи позиции во партијата.
Нивната поврзаност беше голема. Химлер беше и кум на неговото прво дете.
На конференцијата во Ванзеу тој го изнесе и планот за Холокаустот. Во тој план беа опфатени 11 милиони Евреи и Роми кои беа населени во Европа.
Требаше да се лоцираат , и да се затворат во кампови и да се ликвидираат. Ниту еден не смееше да биде поштеден.
Хејдрих умре на 7 јуни 1942 година во Прага, поточно беше убиен од отпорот на чешкото движење. Неговиот ковчег со воз беше транспортирано до Берлин , каде беше одржана втора церемонија (првата беше во Прага),
Холокаустот продолжи со иста јачина и достигна на размер на најголем геноцид во историјата.
Последниот план беше преименуван во „операција Рајнхард„ во знак на почќит. Тоа беше негово наследство.