Antigypsyism

Магнети со ликот на Хитлер се продаваат во центарот на Скопје

Магнети со ликот на Хитлер на големо се продаваат на тезги во Старата скопска чаршија, во непосредна близина на Музејот на холокаустот. Меѓу изложените сувенири купувачите имаат шанса да си изберат и магнети со ликовите на Мајка Тереза, Александар Македонски, Тито и Сталин. Меѓутоа, продавачите велат дека најбарани се магнетите со ликот на Хитлер.

Продавачите кои ги продаваат овие шокантни сувенири речиси не се ни свесни за последиците кои ги предизвикуваат. Рамката во која се сместени сите магнети загрижува и открива во која мера човештвото има куса меморија и недостиг на познавање на историските факти, реагираат минувачите.

Она што е чудно е дека ликот на Хитлер и Мајка Тереза се еден до друг. Мајка Тереза добитничка на Нобеловата награда за мир и до неа човекот кој уби милиони луѓе. Чудна комбинација е дека тие се еден до друг, вели еден странски турист.

Во Европа има тенденција на будење на неонацизмот посебно во време на мигрантската криза, но кај нас во даденава ситуација се работи за манипулација со незнаење, имитација на погубни движења во светот и пропусти во образовниот систем посебно кај младите генерации.

Во неколку наврати Меморијалниот музеј на Холокаустот реагирал до продавачите дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе. Бидејќи обидите биле залудни и продажбата на магнети со ликот на Хитлер продолжува Еврејската заедница во Македонија минатата година поднесе иницијатива до Министерството за правда.

„Ме претепаа само затоа што сум Ром„ - Млад Ром на својот Твитер постави фотка, следуваа еден куп пораки!

Момче од ромска националност од Србија беше претепан само затоа што е Ром. Момчето кој на Твитер е запишан како "čiganče" објави готографија од своето модро лице.
За себе вели дека никогаш во својот живот не се степал , и дека навикнал да биде „трн во око„ на другите. Како што тврди до сега многу пати бил вербално нападнат, но сега и брутално претепан.
За нападот кој се случи неодамна вели:
„ Добив ќотек само затоа што сум Ром! Навикнав на вербални навреди но вечерва немав таква среќа и бев и физички нападнат. Не сум тип кој прв започнува кавга. Ја споделив фотографијата не да ме сожалувате туку од немоќ што да направам по овој напад„ стои на постот ос својот Твитер.
- Молчиш и трпиш. Мака ми е но не поради мене туку за моите сестри , кои имаат иста боја на кожа како и јас, и ако не друго барем ќе твитнам , и можеби ќе се промени нешто„ -се надева момчето.
Имаше многу пораки со поддршка, но не е познато зошто не пријавил во полиција.
Инаку во Србија има пораст на дискриминација кон Ромите на расистичка основа и покажува опасен напредок на расни предрасуди до расистичка пракса и насилство.

Како нацистите ја избришаа средната класа на Ромите

Помеѓу 1936 и 1945 година, нацистите уништиле над 50% од ромскиот народ во Европа.
Без разлика дали беа тоа гасните комори на Аушвиц-Биркенау, "истребени со присилна работа" низ скалите на смрта во Маутхаузен или пак егзекутирани и фрлени во масовна гробница, ископана со сопствени раце во Романија - истребувањето на Ромите на Европа било извршени со смртоносна ефикасност.

Резултатот во земјите како што се Хрватска, Естонија, Литванија, Холандија и сега Чешката Република, нивото на ликвидирани Роми е над 90% од предвоеното ромско население. Многу маскирања на Ромите на исток од страна на нацистичките единици на смртта, Einsatzgruppen, не биле пријавени или недокументирани, што значи дека вкупната бројка на ликвидирани Роми нема да биде никогаш позната или документирана

Колективното сеќавање на Европа за геноцидот на Ромите е кратко споредено со Холокаустот на Евреите. Германија им плаќаше на воените репарации на еврејските преживеани, но никогаш не и на ромските, а расниот карактер на ромскиот геноцид со децении беше одбиен во прилог на аргументот дека Ромите биле обележани како асоцијализирани или криминалци. ИнакуГерманија официјално го призна геноцидот на Ромите во 1982 година.

Link: https://thenorwichradical.com/2019/01/25/how-the-nazis-wiped-out-the-romani-middle-class/

Европа да се подготвува на своја сметка за историски третман на Ромите

На Ромски јазик израз за Холокаустот е Pharrajimos, или во слободен превод е -"да го проголта ".

Пред почетокот на Втората светска војна, Ромите и Синтите низ цела Европа беа третирани како граѓани од втор ред, што вклучувало нееднаков третман во правниот систем. Поради нивниот неодреден статус легално, постоеше и останува значителна дебата за вистинскиот број на Роми и Синти кои ги загубија своите животи за време на Холокаустот.

Вкупните проценки за загубени животот на Ромите во Европа се движат од 500.000 до 1.500.000.

Општо е прифатено дека бројот на Роми и Синти кои систематски биле уништени во Аушвиц-Биркенау изнесува околу 20.000.

Овој месец, на 26-ти февруари, ќе се одбележат 76 години откако возот што го носеа ромскиот народ пристигна во Аушвиц. Овој единствен воз што стапи на станицата во 1943 година ќе биде прв од многуте што ќе пристигнат полн со Роми во овој логор.

Тоа беше почетокот на трагедијата што европската историја во голема мера го игнорираше - Ромскиот холокауст, или Pharrajimos.

Link: https://romediafoundation.wordpress.com/2019/01/24/europe-must-hold-itself-accountable-for-its-historic-treatment-of-the-roma/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 265 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот