Кардиналот Алојзо Степинац знаеше за ужасните злочини за време на втората светска војна каде Устаѓите од НДХ ги правеа врз Ромите Србите и Евреите, и такви докази има во документи пронајдени во архивот на Војводина.
Степинац за геноцидот кој е направен врз недолжни луѓе во Јасеновац и Нова Градишка со детално писмо беше известен од страна на еден сведок на тие ужасни злочини кој беше потпишан како „католик христијанин , па потоа како Хрват„
Тоа го покажуваат и оргиналните документи на германската тајна служба. каде ова писмо службено беше заведен во својата архива на 8 Февруари 1942 година.
- Целото злосторство не е само во убиствата. Постарите лица, жените, децата беа третирани многу лошо, за потоа да бидат убиени.Невини Роми, Срби и други беа приковани за трупци, а пламените на огинот ги покриваа невините голи гради. Беа живи палени во своите домови и цркви. Ги поливаа со врела вода, им ја лупеа кожата, а потоа на раните ги посипуваа со песок и сол - се наведува во тоа писмо.