ИРУ како најстара и најголема Интернационална Ромска организација заедно со војот претседател Зоран Димов, как и неговото членство, подготвува реакција до релевантните институции во Република Турција, како и до Европската Унија и ОН поради како што велат пристигнатите информации за нееднаков третман на Ромската заедница во санирање и помагање на Ромската заедница во регионот кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари оваа година, со епицентар во областа Пазарџик во провинцијата Кахраманмарас. ИРУ и загрижен според информациите од делегатот на ИРУ од Турција, г-дин Кемал Вурал Тарлан кој и самиот е од градот Газиантеп кој беше зафатен од катастрофалниот земјотрес.
Земјотресот ги погоди соседните провинции Адијаман, Килис, Османије, Газиантеп, Малатија, како и Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана и Хатај, каде живеат околу 13,5 милиони луѓе, вклучувајќи околу 2 милиони сириски бегалци. Според СЗО, погодените региони во Турција и Сирија се дом на околу 23 милиони луѓе, вклучувајќи 1,4 милиони деца. Но исто така во тој број спаѓа и Ромската заедница која е процентуалноо голема во тие делови.
Според последните податоци, над 40.000 луѓе ги загубиле животите, а над 110.000 луѓе се повредени. Но за жал не е познат бројот на Ромската заедница. Истражувањата за штетите покажуваат дека 56.080 згради и објекти во 10 провинции се урнале или се тешко оштетени. Министерството за инфраструктура и транспорт извести дека вкупно 237.000 луѓе се евакуирани од областа на катастрофата.
Но се поставува прашањето дали и Ромите од овие провинции се сразмерно згрижени или се оставени сами на себе. Сето ова за жал засега е недостпана информација, но ИРУ подготвува реакција која ќе биде препратена до релевантните институции во Република Турција, како и до Европската Унија и ОН и другите меѓународни институции, за да се поведе во овие исклучително тешки моменти за тој народ кој се наоѓа во тие делови во Турција,м вклучувајќи ги и Ромите, за да не бидат заборавени од државата и мешународните инстутуции, вклучувајќи ги и народот од Сирија и Ромите од тие региони.