Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, и сите ИРУ делегати кои се над 60 од 50 држави испратија апел до ОН, Европската унија, меѓународните организации, здруженијата на ромската дијаспора и сите меѓународни актери итно да им помогнат на Ромите, како и на другите ранливи граѓани на Турција во областа на сеизмичките движења (земјотрес ),.
Според ИРУ делегатот од Република Турција Кемал Вурал Тарлан со неговата организација Kırkayak Kültü од Газијантеп наведува дека се уште не е познат точниот број на загинати и повредени, но се знае дека на подрачјето на десетте загрозени градови живееле околу 200.000 Роми.
Нивните куќи се уништени и се апелира, освен за Ромите, да им се помогне на сите. ИРУ длабоко верува и ги поддржуваме добрите односи меѓу Турците и Ромите кои се државјани на Турција.
ИРУ истовремено, изрази сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.