ИРУ со реакција до институциите во Република Турција за еднаков третман и на Ромите од регионот кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес

ИРУ како најстара и најголема Интернационална Ромска организација заедно со војот претседател Зоран Димов, как и неговото членство, подготвува реакција до релевантните институции во Република Турција, како и до Европската Унија и ОН поради како што велат пристигнатите информации за нееднаков третман на Ромската заедница во санирање и помагање на Ромската заедница во регионот кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари оваа година, со епицентар во областа Пазарџик во провинцијата Кахраманмарас. ИРУ и загрижен според информациите од делегатот на ИРУ од Турција, г-дин Кемал Вурал Тарлан кој и самиот е од градот Газиантеп кој беше зафатен од катастрофалниот земјотрес.

Земјотресот ги погоди соседните провинции Адијаман, Килис, Османије, Газиантеп, Малатија, како и Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана и Хатај, каде живеат околу 13,5 милиони луѓе, вклучувајќи околу 2 милиони сириски бегалци. Според СЗО, погодените региони во Турција и Сирија се дом на околу 23 милиони луѓе, вклучувајќи 1,4 милиони деца. Но исто  така во тој број спаѓа и Ромската заедница која е процентуалноо голема во тие делови.

Според последните податоци, над 40.000 луѓе ги загубиле животите, а над 110.000 луѓе се повредени. Но за жал не е познат бројот на Ромската заедница. Истражувањата за штетите покажуваат дека 56.080 згради и објекти во 10 провинции се урнале или се тешко оштетени. Министерството за инфраструктура и транспорт извести дека вкупно 237.000 луѓе се евакуирани од областа на катастрофата.

Но се поставува прашањето дали и Ромите од овие провинции се сразмерно згрижени или се оставени сами на себе. Сето ова за жал засега е недостпана информација, но ИРУ подготвува реакција која ќе биде препратена до релевантните институции во Република Турција, како и до Европската Унија и ОН и другите меѓународни институции, за да се поведе во овие исклучително тешки моменти за тој народ кој се наоѓа во тие делови во Турција,м вклучувајќи ги и Ромите, за да не бидат заборавени од државата и мешународните инстутуции, вклучувајќи ги и народот од Сирија и Ромите од тие региони.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 241 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот