По покана од Финскиот ИРУ тим Марја Еронен, Хенри Хедман, Кимо Гранквист, Тула Акерлунд и Анет Акерлунд, претседателот на ИРУ Зоран Димов ќе има повеледневна работна средба со преставници од државните институции во Финска и че се разговара за состојбата и предизвиците со кои се соочува Ромската заедница во оваа скандинавска земја.
За време на престојот на Димов од 20 до 24 ноември, ќе биде присутен на овеќе средби како и организирани конференции од областа на социјалата и социјалната правда, образованието и културата,, како и средба со Ромски организации и здруженија, како и со преставници од црковните одбори.
Меѓудругото тој ќе има и свој говор и дискусија за време на одржување на еден многу важен семинар на тема „За намалување на дискриминацијата врз Ромите„ кој ќе се одржи во Универзитетот во Хелсинки,
Мора да се напомене дека за време на престојот исто така ќе биде прикажан премиерно за финската публика и документарецот на СП БТР „Небо, Тркало, Земја, и тоа на 20 и 21 Ноември.
Во склоп на културните активности исто така на последниот ден од настаните планиран е и концерт на Духовна Ромска музика со учество на голем број изведувачи и хорови.