Денеска во Владата на Р.Северна Македониоја попповод 5 Ноември Меѓународен ден на Ромскиот јазик, во присуство на највисоките преставници на др|авата на која присуствуваа Премиерот Христијан Мицковски, Министерот без ресор Шабан Салиу и други министри, присутен беше и свое обраќање имаше и претседателот на ИРУ Зоран Димов.
Меѓудругото тој во своето обраќање ја напомена важноста и значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ. Во последните неколку децении, се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и култура. Сепак, се соочуваме со многу предизвици, бидејќи овој јазик е и понатаму под закана од губење поради асимилацијата и недостатокот на системска поддршка. Денес го одбележуваме денот на ромскиот јазик, но истовремено да се потсетиме и на потребата од заедничка работа за поголема инклузија и поддршка на ромската заедница. Интернационалната ромска унија и јас како нејзин претседател, од пред еден месец, инициравме да се започне со изучување на ромскиот јазик како курс во рамките на филолошкиот факултет Блаже Конески при УКИМ, и ете, веќе 18 млади Роми и не-Роми ја посетуваат наставата која ќе трае три месеца.
ИРУ и м-р Даниел Петровски, иницираат да се отвори научен Институт за ромски јазик, култура и историја, кој во првите пет години ќе се бави со научна дејност а потоа и високообразовна дејност кој ќе продуцира професионален ромски научен и професорски кадар од општествените хуманистички науки. Институтот ќе го афирмира ромскиот јазик, ќе печати литература на ромски јазик и ќе врши професионален превод и толкување на самиот јазик. Оваа иницијатива, ќе започне да се спроведува најнапред со креирање на визибилити студија, од која понатаму треба да произлезе елаборат, кој ќе биде даден на одлучување кај владините институции на одобрување. Предлагаме Институтот да се именува по прввиот доктор на науки, Ром, професор д-р Трајко Петровски и истиот да биде национална инситуција во рамките на Министерството за образование и наука или пак, во рамките на Универзитет Св. Кирил и Методиј, од кого имаме и поддршка и воедно потпишан Меморандум за соработка. Токму планирано е во таа насокка да произлезат и квалификуван Роммски кадар како и предавачи на ромскиот јазик, култура и историја.
Затоа и Бараме поддршка од сите владини и невладини институции за нашата иницијатива. Се надеваме дека и Владата ќе даде свој придонес, како и Министерот за имплементација на Ромската стратегија г-дин Шабан Салиу.