Најголемата и најстарата Интернационална ромска организација - ИРУ во својата стратегија и план ја промовира новината за ширење на демократијата и плурализмот во рамките на организацијата и надвор од неа. По предлог на Ромскиот Совет од Лондон, Велика Британија, Патрик Џонс, Роџер Ли, Кхурам Кхан, Верандра Риши и останатите се прејде на реализација за да се удрат темелите на демократијата и еднаквоста во самата организација.
Тимот кој го разви концептот на ЕТ беа членовите на ИРУ: Марја Ероне од Финска, Агуш Демировски од Швајцарија, Кхурам Кхан Пакистан, Росита Гронфорс од Шевдска Ајтен Берафла од Данска , Рамуш Муарем од Македонија. Верандра Риши од Индија, Артур Квик Русија, Радмила Нешиќ од Србија, Халиловиќ Грацијано од Италија , Марија Рубија од Шпанија и Нелије Маркс - САД
Тој предвидува и е направена со цел еден чекор на патот кон градење на препознатлив мандат за Ромска нација, што ќе го зголеми легитимноста, одговорноста и политичкото влијание на претставувањето на Ромите.
Покрај зголемување на членството на ИРУ ЕТ политиките се насочени и кон Изборна комисија - акции, внатре и надвор и номинација.
Изборни документи, Избирачки список: Локален, национален, и глобален избирачки список, Регистар на избирачки места, како Регистар на кандидати, посебен список на кандидати за Претседател на ИРУ, Потпретседатели, Претседател на парламентот на ИРУ, Потпретседатели, Шефови на комисии (комесари), Генерален Секретар , Благајник и други важни функции. Инаку Кабинетото на ИРУ ќе брои 21 член
Истовремено ќе бидат спроведени и алтернативни акциони модели како што се: Стратегии, поединечно спроведување или фазен пристап, паралелно спроведување и еднократна конверзија .
Доколуку сакате да ја разгледате шемата на функционирање на тимот на ЕТ можете да го видите и на веб сајтот на ИРУ - https://iromaniunion.org/